Прејди на содржината

Сонет за науката

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сонет за науката“ (првично наречено „Сонет — До науката“) е поема од Едгар Алан По од 1829 година, објавена во Ал Арааф, Тамерлан и Малoрни песни.

Едгар Алан По поставува прашање — зошто науката го лови поетот. Науката е ѕиркачка, деструктивна и заинтересирана само за студените реалности. Таа нема да дозволи поетот да лета високо во облаците или пак мирно да седи сонувајќи под некое дрво.[1]

Историја на објавување

[уреди | уреди извор]

Во средината на ноември 1829 година, Егар Алан По се договорил со една фирма од Балтимор наречена „Хеч енд Данинг“ да го објави неговиот втор том поезија, под насловот Ал Арааф, Тамерлан и мали песни. Овој том бил првиот случај во кој Егар Алан По ги објавил своите стихови под свое име, за разлика од неговото прво објавување, Тамерлан и други песни, каде бил запишан само како „бостонец“.

Подоцна е објавена верзија на оваа песна која што ја содржала следната забелешка: „Лични причини - од кои некои се однесуваат на гревот на плагијат, а други пак на датумот на првите песни на Тенисон - ме натераа, по извесно двоумење, повторно да ги објавам овие, сурови композиции од моето најрано детство. Тие се отпечатени дословно - без измени од оригиналното издание - чиј датум е премногу оддалечен за да може да се признае.“

  1. „Sonnet - to Science“. Архивирано од изворникот на 2015-02-17. Посетено на 2012-03-09.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]