Месечарење

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сомнамбулизам)
Месечарење
сомнамбулизам
Џон Еверет Миле, Месечарка, 1871.
СпецијалностSleep medicine Уреди на Википодатоците

Месечарење (сомнамбулизам) — пореметување во спиењето, кое припаѓа на „семејството“ парасомнии. Месечарите преоѓаат од фазата на длабок сон, во фаза на слаба свесност и извршуваат активности, кои обично се извршуваат при целосна свесност. Овие активности може да бидат незначителни, како седење на креветот, одење до бањата, чистење, а може да бидат и опасни, како готвење, возење, исклучително насилни дејства, грабање замислени предмети, или дури и убиство.

Иако, обично, случаите на месечарење се состојат од едноставни, повторувачки дејства, понекогаш, има случаи на луѓе кои изведувале посложени дејства додека спиеле. Во 2004 година, медицинските експерти од Австралија тврделе дека успешно излечиле жена, која велела дека има сексуални односи со странци додека спие. Во декември 2008 година, во јавноста се појавиле извештаи од жена која праќала полуразбирливи пораки преку електронска пошта додека месечарела, вклучувајќи и една со кој поканила пријател на вечера. Месечарите не се сеќаваат воопшто или многу малку на инцидентот, бидејќи во тие моменти не се навистина свесни. Иако нивните очи се отворени, тие гледаат матно. Месечарењето може да трае од 30 секунди до 30 минути.

Објаснување[уреди | уреди извор]

Фази на спиењето[уреди | уреди извор]

Спиењето се категоризира во фази на циклус помеѓу „брзо движење на окото БДО (REM) и „споро движење на окото“ СДО (NREM) спиење. СДО е поделено на четири фази: фаза 1 (период на лесен сон), фаза 2 (период на цврст сон), фаза 3 и 4 (период на длабок сон). По ова следи фаза 3, фаза 2, фаза 1, и БДО период. Кај возрасните, овој циклус трае околу 1 час и 30 минути. Според Лави, Малотра и Пилар, „Траењето и содржината на циклусот се менува за време на ноќта и со текот на годините“. Месечарењето обично се случува за време на првата третина од ноќта (помеѓу 23 и 1 часот по полноќ) кога се случува периодот на длабок сон од СДО фазата на спиење. Високата „делта активност“ (делта бран) со кој мозокот и се придружува на фазата на длабок сон и кога од 20 до 50% од сите активности се делта активности се постигнува фазата 3. Кога делта активностите достигнуваат 50% или повеќе се постигнува фазата 4. Во повеќето случаи доколку се случи месечарење, се случува само еднаш во текот на една вечер.

Автоматизам[уреди | уреди извор]

Понекогаш, истражувачите не се согласуваат за класификацијата на месечарењето како автоматизам. Според популарниот извор на МедицинНет (MedicineNet), автоматизам е „несвесно движење кое личи на едноставни тикови кои се повторуваат, или може да биде посложен редослед на природни движења“. Човекот често не се сеќава што правел, или како го правел тоа. Овие повторувачки движења вклучуваат џвакање, облекување облека или шетање наоколу со збунет поглед. Автоматизмот кај епилептичарите е поврзан со „отсуството на мали епилептични напади“. Во судските случаи личноста може да биде осудена за автоматизам без лудило или автоматизам со лудило. Првото се користи како одбрана и оправдување за привремено лудило или невесно однесување. Потоа пресудата би била „не е виновен поради лудило“. Со оваа пресуда осудениот мора да посетува институција за душевни болести. Некои дејства што се преземаат за време на месечарењето може да класифицираат како автоматизми.

Причини[уреди | уреди извор]

Некои експерти имаат теорија дека месечарењето во детството се појавува како резултат на доцно созревање. Тоа се делта бранови со висока волтажа кај сомнамбулистите до 17 години. Присуството на овие бранови може да предизвика несозреаност во централниот нервен систем, кој може да биде причина за месечарење. Месечарењето е наследно во фамилијата, и веројатноста дека детето ќе биде месечар се зголемува до 45%, ако еден од родителите бил месечар, и до 60% ако двајцата родители биле месечари. Меѓутоа, полот не игра улога за тоа дали може да се стане месечар. Наследните фактори се склоност за појава на месечарење, но влијанието од наворешната средина е главен фактор за начинот на изразување на месечарењето. Други забрзани фактори за појава на месчарењето се оние фактори, кои го зголемуваат периодот на длабок сон. Најчести фактори се недостаток од сон, покачена температура, и преголем умор. Користењето на невролептици или хипнотици може, исто така, да предизвка месечарење.

Лечење[уреди | уреди извор]

Постојат лекови кои може да се препишат за месечарење, како на пример мала доза на бензодијазепин, трициклични антидепресиви и клоназепам. Меѓутоа, експертите препорачуваат да се тргаат сите опасни предмети и да се заклучуваат вратите и прозорите пред спиење, за да се намалат ризиците од какво било наштетување. Исто така, се препорачува добра хигиена пред спиење и да не се избегнува спиењето, туку да се спие колку што е потребно.

Има различни мислења за тоа дали е опасно да разбудиш месечар, при месечарење. Некои експерти велат дека месечарот треба полека да го однесеме до креветот, без да го разбудиме. Други, пак, сметаат дека кога би разбудиле месечар, тоа би водело кон негова дезориентација, но ништо лошо не може да се случи.

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Според Националната фондација за спиење, месечарењето е распространето кај 1-15% кај општото популација. Месечарењето е пораспространето кај децата и обично исчезнува до адолесценцијата. Кај возрасните се појавува поретко, но кога се појавува, настаните на месечарење се случуваат трипати почесто во годината и месечарењето трае повеќе години отколку кај децата. Во подоцнежните години, месечарењето е ретко и обично се појавува поради друго пореметување. Пореметувањата во подоцнежните години може да вклучуваат делириум, предозираност од лекови или напади.

Деца[уреди | уреди извор]

Месечарењето е вообичаено во детството и се намалува со годините. Според Лави, Малотра и Пилар, врвот се достигнува од 4 до 8 години, кога распространетоста е 20% честотa на настаните. Познато е дека од 25 до 33% од сомнамбулистите, исто така, мократ при спиењето. Мокрењето, како и месечарењето, е вообичаено кај децата, и го снемува со растењето на детето. Некои деца кои месечарат, исто така, страдаат од кошмари при спиењето. Меѓутоа, кошмарите се повообичаени кај возрасните месечари. Некои родители се загрижени за психолошките последици кои може да ги остави месечарењето кај нивните деца, но Лариса Хирш, која е одговорна за веб- страната КидсХелт (KidsHealth), вели: „Месечарењето, обично, не е знак дека нешто не е во ред психолошки или емоционално со детето и не предизвикува емоционално оштетување.“

Во истражувањето „месечарењето и кошмарите кај децата пред пубертетот“ истражувачите откриле дека, ако било кое дете има други нарушувања при спењето како на пример „синдром на уморни нозе“ или „нарушување на дишењето при спиење“, тогаш тоа дете има поголеми шанси за месечарење. Со ова истражување, исто така, пронашле деца со хронични парасомнии, кои патат и од нарушување на дишењето при спиење, или во подобар случај од синдромот на уморни нозе. Исто така, исчезнувањето на парасомниите, по лечење од било кое од овие синдроми, подоцна, тоа може да повлече појавување на друг синдром. Ако кај членовите од фамилијата има висок степен на нарушување на дишењето при спиење, тогаш кај детето истиот овој синдром може да се манифестира како парасомнија. Децата со парасомнија не се надгледуваат систематски за време на спиењето, иако минатите истражувања покажале дека пациентите со кошмари при спењето или месечарење имаат зголемено ниво на крчење при спиењето. Кога децата имаат полисомнографи, мали тенденции (на пр. напор за дишење, крчење при дишењето) треба да се бара веднаш решение, бидејќи прекините при дишењето ретко се појавуваат кај децата. Дишењето кај децата при спиењето треба да се надгледува со носна канила/претворач за притисок или со манометар за хранопроводник. Мало подбрување на тешката парасомнија кај децата кои кои се лечат од нарушување на дишењето при спиење е значаен доказ дека потешкотиите со дишењето се здравствени проблеми. Многу е важен извештајот за семејни болести и дали парасомнијата ја има во него. Синдромот на уморни нозе и нарушувањето на дишењето при спиење може да бидат наследни.

Возрасни[уреди | уреди извор]

Упорноста или почетокот на месечарењето кај возрасните е поневообичаено отколку кај децата. Погрешно е мислењето дека месечарењето секогаш предизвикува психолошко нарушување. Меѓутоа, месечарењето може да биде симптом кај луѓето со психолошки нарушувања. Во едно истражување, психијатриските тестови, извршени на возрасни биле дадени на институција во Минесота. Според истражувањето, пациентите покажале дека тешко се справуваат со агресија.

Психолошки нарушувања и користење на лекови[уреди | уреди извор]

Во некои случаи, месечарењето кај возрасните може да биде симптом на психолошко нарушување или користење на лекови. Едно истражување направено од А. Х. Крисп од медицинското училиште Св. Џорџ, во Лондон, ја поткрепува можноста на дистанцирање кај возрасните месечари, бидејќи субјектите кои биле тестирани покажале невообичаено високо ниво на хистеричност. Исто така, пациентите со мигрена или Торет синдром имаат од 4 до 6 пати поголеми шанси за месечарење. Некои лекови кои можат да го зголемат присуството на месечарење како: Хлоропромазин (Торазин), Перпеназин (Трилафон), литиум, бензодиазепин (Триазолам), амитриптилин (Елавел, Ендеп), Золпидем (Амбиен) и бета блокери.

Историја[уреди | уреди извор]

Месечарењето било мистерија, но не било сериозно истражувано и дијагнозирано, сè до минатиот век. На почетокот, се верувало дека месечарењето било одглумување на сонот што го сонува личноста. На пример, од едно истражување објавено во „Општеството за науката и јавноста“ во 1954 година, заклучокот е следниот: „ Потиснувањето на непријателските чувства спрема таткото, предизвикало пациентите да реагираат со тоа што во сонот ќе месечарат, изопачените фантазии што ги имаат тие за авторитетот, како на пример, таткото, полицаецот или строг надзорник“. Истата група, дванаесет години подоцна, објавила статија со нов заклучок: „ Месечарањето, спротивно на многу верувања, има многу мала поврзаност со сонувањето. Всушност, тоа се случува кога личноста што спие е во најдлабокиот сон, фаза во која обично не се сонува“. Едно истражување од поново време открива дека месечарењето е всушност пореметување во спорото движење на окото. Одигрување на сон е основата за пореметувањето на брзо движење на окото. Благодарение на новините во технологијата, како електроенцeфалограм (ЕЕГ), кој го измислил Ханс Бергер во 1924 година и БИМ (БЕАМ), кој го измислил Френк Дафи во раните 1980-ти.

Општество и култура[уреди | уреди извор]

Германскиот хемичар и парапсихолог од 19 век, Барон Карл Лудвиг Фон Рајхенбах, направил истражувања за месечари и ги искористил неговите откритија за да ја формулира неговата теорија за Одик форс (Odic force). Месечарењето било тема на многу драмски дела. Во филмот „Кабинетот на д-р. Калигари“ (das Cabinet des Dr. Caligari), месечарењето било главен елемент во заплетот. Во Шекспировата драма „Макбет“ (Macbeth), Леди Макбет месечари поради нејзината преголема вина и лудило. Месечарењето игра главна улога и во романот „Едгар Хантли, или мемоари на месечар“, на Чарлс Брокден Браун, и во драмата „Принцот од Хомбург“ на Хајнрих фон Клајст.

Во една од филмските верзии на Хари Потер, еден од ликовите Луна Лавгуд тврди дека месечари ноќе, и како резултат на тоа, ги носи нејзините чевли во кревет. Исто така, во „Хари Потер и затвореникот од Азбакан“, Хари Потер го користи ова како изговор за тоа зошто бил станат толку доцна навечер, а всушност тој го барал Питер Петигру на Мараудеровата карта. Главно дејство во филмот „Во мојот сон“ од 2009 година, е убиство при месечарење.

Операта „Ла сонамбула“ (La Sonnambula), од италијанскиот композитор Винченцо Белини е крстена по хероината во операта, која е месечар. Во „Феномен“(1985 г.) на Дарио Аргенто, главниот лик, Џенифер Корвино, е сведок на убиство при месечарење. Во филмската адаптација на „Тивкиот рид“, ќерката на главниот лик страда од месечарење. Во една епизода од серијата „Хаус“, една жена има сексомнија, и има сексуални односи со најзиниот бивш маж додека спие, а со тоа забременува. Во филмот „Полубраќа“, главните ликови, Бренан и Дејл, се месечари. Во краткиот анимиран филм на Дизни од 1947 година, Доналд Дак е месечар, и Дејзи Дак му помага да избегне многу опасности. Во филмот „Дони Дарко“, ликот Дони Дарко месечари до еден терен за голф, и мисли дека тоа што се нашол таму е како разултат на некоја забава или натприродна моќ.

Д-р. Џон Вилијам Полидори, пријател на Лорд Бајрон, дипломирал на универзитетот во Единбург во 1815 година, со лечење на месечарењето. Тој беше присутен на фамозното собирање во Вила Диодати на 16 јуни 1816 година, кога Бајрон го предизвика него, Перси Шели, Мери Годвин и Клер Клермонт да напишат приказна за духови. Полидори ја напишал „Вампирот“, првата приказна за вампири во Англија.

Злосторства[уреди | уреди извор]

Поради тоа што месечарењето може да предизвика насилно однесување, судовите понекогаш мора да се справуваат со случаи кои вклучуваат месечарење. Овие случаи вклучуваат убиства, напади и сексуални вознемирувања. За нивото на одговорност и големината на казната се дебатира често, бидејќи месечарите скоро секогаш се насвесни за тоа што го прават. Кулебрас, професор по неврологија на државниот универзитет за медицина вок Њујорк, вели: „Разбирливо е дека месечарите имаат потенцијал да се доведат до збунувачки околности, состојба во која насилството и напади се возможни, ако личноста се најде во такви околности. Диференцијалната дијагноза треба да вклучува и други услови, во кои насилството поврзано со спиење е ризик, како пореметувањето на брзо движење на окото и епизодното шетање. Во 1963 година, за случајот Брати против адвокатска канцеларија од Северна Ирска, Лорд Морис изјави: „Секој збир од факти мора да се разгледа внимателно со своите околности, но ако по некој случај е земено за возможно дека некоја личност може да влезе во неговиот сон и за изврши злодело додека личноста е во несвесна состојба, тогаш таа личност не е способна за криминално дејство.

Примери за криминални случаи при месечарење:

  • 1981 година, Стивен Штајнберг, обвинет за убиство на неговата жена и ослободен врз основа на повремено лудило.
  • 1991 година, Р. против Бургес, обвинет за удирање на неговата девојка со шише за вино и видео, по главата. Прогласен за невин, поради лудило.
  • 1992 година, Р. против Паркс, обвинет за убиство на мајката на неговата жена, и обид за убиство на таткото. Тој, исто така, беше пуштен.
  • 1994 година, Пенсилванија против Риксгерс, обвинет за убиство на неговата жена и осуден на доживотен затвор, без право на жалба.
  • 1999 година, Аризона против Фалатер, обвинет за убиство на неговата жена. Судот одлучи дека убиството било премногу сложено за да се изврши при месечарење. Фалатер беше осуден за убиство од прв степен, доживотен затвор, без шанса за жалба.
  • 2008 година, Брајан Томас, обвинет за убиство на неговата жена, бидејќи сонувал дека е крадец.

Месечарењето како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Одење во сон: Сè што треба да знаете за месечарењето“. ЦРНОБЕЛО.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Who.int
  2. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 91-94.
  3. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 53-56.
  4. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 42.