Сомерсетски дом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сомерсетски дом
Главниот двор на палатата Сомерсет од влезот на северното крило
Главниот двор на палатата Сомерсет од влезот на северното крило
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Central London" does not exist
Општи податоци
Стилнеокласика
Местоулица Странд, Вестминистер, Лондон
ЗемјаВелика Британија
Координати51°30′39.7″N 0°07′01.9″W / 51.511028° СГШ; 0.117194° ЗГД / 51.511028; -0.117194
Сегашни станаринеклку
Почната1776
Трошок за изградба£462,323 (1801)[1]
ПоседникФонд на палатата Сомерсет
Проектирање и изградба
АрхитектВилијам Чемберс
Прогласена заоцена 1 од списокот на палати
Портал
somersethouse.org.uk

Сомерсетскиот дом (англ. Somerset House) или Сомерсетска палата е голема неокласична зграда сместена на јужната страна од главната улица Стренд во центарот на Вестминстер, Лондон. со поглед на реката Темза,а источно од мостот Ватерло. Палатата првичното место на дворецот на Тјудорите, е дело на Вилијам Чемберс во 1776 година,а подоцна проширена со викторијански крила на север и југ. Источното крило го сочинува соседниот дел на ‘King’s College London’.

Историја[уреди | уреди извор]

16 век[уреди | уреди извор]

Во шеснаесеттиот век,омилен дел за градење на палати на бладогорниците бил северниот брег на Темза помеѓу Лондон и Вестминстер .Во 1539 година, Едвард Симор,Ерл од Хертворт, добива земјиште во ‘местото Честер, надвор од Темпл Бар,Лондон ’ од кралот на Англија ,Хенри VIII.Кога малото момче, кралот на Англија, Едвард VI, доаѓа на престолот во 1547 година,Симор станува Војвода од Сомерсет и заштитник на кралот.Околу 1549 година тој наредува да се урне еден стар суд и други куќи коишто се наоѓале во близина и почнува да си гради навистина впечатлива палата,правејќи слободна употреба на другите градби вклучувајќи и некои од местата за пеење на црковни песни и засводните ходници во Катедралата Св.Павле,коишто се урнати по наредба на Сомерсет и други водечки протестантски благородници како дел од тековните распуштања на манастирите.Двоспратна палата изградена околу четириаголник со порта која се издига до три спрата и е една од најраните примери на ренесансна архитектура во Англија. Не е познато кој ја дизајнирал градбата. Сепак,пред да биде завршена,Сомерсет си создадава премногу непријатели во Советот. Во борбата за моќ тој бил симнат од власт и погубен во Тауер Хил. ‘Палатата Сомерсет’ потоа е во сопсптвеност на кралството а неколку години ја користи принцезата Елизабета пред да биде крунисана за кралица Елизабета I во 1558 година.

Долго време потоа таа служи како една од палатите на кралството.Елизабета I живее таму за време на владеењето на најзината сестра Кралицата Мери I.Процесот на завршување и подобрување бил бавен и скап.Доцна во 1598 година средувањето сè уште било незавршено.

17 век[уреди | уреди извор]

Во 17 век палатата е користена како резиденција на кралиците на Џејмс I, Чарлс I и Чарлс II.Во текот на владеењето на Џејмс (Џејмс VI Шкотски крал ),палатата станува лондонската резиденција на неговата жена, Ани од Данска и беше преименувана во Данска куќа ( Denmark House).

Таа нарачува голем број на скапи додатоци и подобрувања, некои дизајнирани од Иниго Џонс. Особено, во периодот помеѓу 1630 и 1635 година тој гради Капела каде што Хенриета Марија,кралица на Чарлс I , ќе може да ги извршува нејзините римокатолички верски обврски.Тоа е во надлежност на редот на Капучин и е на страната југозападно од Големиот Суд. На неа е додадена и мала гробишта и некои од надгробните плочи сè уште може да се видат вградени во еден од ѕидовите на премин под сегашниот четириаголник. Кралското поседување на Сомерсет е попречено од Англиската граѓанска војна и во 1649 година, Парламентот се обидел да ја продаде.Тие не успеваат да најдат купувач,иако продажбата на содржината изнесувала многу разумна сума (за тоа време) од 118,000 фунти.Сепак таа се користени.Дел служел како главен штаб на армијата,Генреалот Ферфакс (парламентарниот врховен командант) од тука давал наредби; исто така биле обезбедени и сместувања за други благородници од Парламентот.Во палатата Сомерсет,телото на Оливер Кромвел било положено по неговата смрт во 1658 година.

По две години,со реставрацијата,Хенриета Марија се враќа и во 1661 година почнува значајна програма на повторна изградба,главна одлика е извонредната река,повторно дизајн на Иниго Џонс ,којшто починал во палатата Сомерсет во 1652 година.Сепак таа се враќа во Франција во 1665 година пред палатата да биде завршена.Тогаш почнува да се користи како повремена резиденција од страна на Катерин од Браганза,жена на кралот Чарлс II.Во нејзиниот период палатата стекнува лош глас дека е , жариште на католички заговор.Титус Оутс прави целосна употреба на оваа предрасуда во измислените детали во ‘Polish Plot’ дека наводно Сер Едмунд Бери Годфреј, чиешто убиство е едно од најмистериозните во тоа време, бил убиен во палатата Сомерсет пред неговото тело да биде пренесено и фрлено во ендек под ‘Примроус Хил. Палатата Сомерсет е обновена од страна на Сер Кристофер Врен во 1685 година. По Славната револуција во 1688 година,палатата Сомерсет влегува во долг период на опаѓање,(откако Катрин ја напушта Англија во 1692 година) куќата се користи како резиденција за услуги.Во условите за тоа време тоа значело дека е скоро невозможно малку пари да се најдат за нејзиното одржување и се вовлекува во бавен процес на распаѓање.Сепак,во текот на 18 век, во објектот престануваат кралските здружувања.Иако погледот од терасата кон реката во градината ,отворен за јавноста,е сликан двапати од Канатело за време на неговата посета на Лондон (гледајќи спротивно од течението на водата и надолу), е користен за чување,како резиденција за посета на странски достоинственици и како касарна за војници.Поради занемарување, старата палата Сомерсет почнува да се урива во 1775 година.

Палатата Сомерсет на Сер Вилијам Чемберс, 1776 година[уреди | уреди извор]

Од средината на 18 век имало зголемени критики дека Лондон нема големи јавни градби.Владините институции и богатите се набиени во мали стари градби насекаде низ градот.Развивањето на национална гордост во споредба со главните градови на континентот била вознемирувачка.Едмуд Бурк бил водечки поборник за шемата за ‘национална зграда’, и во 1775 година, Парламентот донесува Закон за ,меѓу другото, ‘подигнување и основање на јавни канцеларии во палатата Сомерсет и за заградување на делови од реката Темза која се протега во границите на имотот на Савој.’ Списокот на ‘Јавни Канцеларии’ спомената во законот се состои од ‘Канцеларија за управување со земјиште’ канцеларија, Пошта , Даночна служба, Биро на морнарица, Канцеларија за набавка на морнарицата, Јавна канцеларија за лотарија, Канцеларија за улични продавачи и дилери, Канцеларија на Генералниот секретар на кралството,Канцеларија на ревизорите за готовина,Канцеларија за транспорт,Канцеларија на војводството од Ланчестер,Канцеларија на Војводството од Корнвол, Канцеларија за снабдување со оружје,Куќата на кралот Баргмастер,Кралската баржа’. Сер Вилијам Чемберс, е назначен на функцијата главен градежник со плата од 2,000 фунти за да ја дизајнира и изгради новата палата Сомерсет.Тој ги поминува последните две децении од неговиот живот ,почетоткот на 1775 година, во неколку фази на градење на денештната палата Сомерсет. Томас Телфорд , тогашен каменорезец, а подоцна истакнат градежник, е меѓу оние коишто работеле на објектот.Еден од најпознатите луѓе на Чембер,Томас Хардвик Џуниор,помага да се изградат делови од објекотот во текот на неговиот период на обука а подоцна пишува и кратка биографија за Чемберс. До 1780 година, северното крило се завршува.Неговиот дизајн е врз основа на цртежи од Иниго Џонс за предниод дел кон реката од претходниот објект.

Не се знае со сигурност со кое темпо напредувал остатокот од изградбата, но очигледно е дека избувнувањето на војната со Франција предизвикува одложување поради недостиг на пари. Чемберс умира во 1796 година;поголемиот дел од објектот се завршува по смртта на Чемберс од страна на Џејмс Вајат.Сепак,се знае дека изградбата на објекотот сè уште се одвивала во 1801 година;и постојат индикации дека во 1819 година некои декоративни работи сè уште требало да бидат довршени.Првобитниот објект (којшто сè уште не ги вклучува ‘Новото крило’ и ‘King’s College London’,што се наоѓаат позади западното и источното крило од четириаголникот) веројатно чини околу 500,000 фунти.Во тој период реката не била заградена и Темза го заплискува Јужното крило каде што три големи арки овозможуваат бродовите и баржите да продрат до местото во рамките на зградата.

19 век[уреди | уреди извор]

Извонредна , како што и е новата зграда,излегува помала од тоа што планирал Чемберс, бидејќи тој планирал дополнителни крила на исток и запад од четириаголникот. Цената била главен фактор.На крајот,’King’s College London’ бил подигнат кон исток ( владата доделува земјиште под услов дизајнот да се совпаѓа со оригиналниот дизајн на Чемберс) со приклучување помеѓу 1829 и 1834 година.Потоа, зголемената побарувачка на простор доведува до последниот чекор.Западниот раб од крилото е окупирано со ред на куќи користени како живеалишта на службениците од Монистерството за британската воена морнарица коишто работеле во јужното крило. Помеѓу 1851 и 1856 година тие се уриваат и се приклучува дополнително крило. 150 години подоцна овој дел од објекотот е сè уште познат како ‘Ново крило’. Палатата Сомерсет претставува повеќе од аспект на тераса од тоа што Чемберс имал намера. Во објекотот се сместуваат различни научни друштва, вклучувајќи ја ‘The Royal Academy’,за којашто Чемберс бил клучен во основањето, ‘the Royal Society’ и ‘Society of Antiquaties’ (Кралската академија беше меѓу последните станари во претходниот објект). ‘The University of London’ исто така се сместува таму и применетите науки го задржуваат присуството во објектот сè до 1870-тите години.

20 век до денес[уреди | уреди извор]

Палатата Сомерсет настрадала за време на Втората светска војна.Покрај релативно малите експлозии во неколку наврати, шеснаесет соби и убавите ротунда скалила (Нелсон скалилата) во јужното крило, целосно биле уништени ,а дополнителни 27 оштетени во запасното крило од директен удар во октомври 1940 година.Уште многу прозорци биле сокршени и балустради срушени, но најлоштото се случувало кон крајот на мај,1941 година.

Штетата на јужното крило била поправена дури во 1950-тите години.За работата се барале искусни ѕидари,чиишто услуги било тешко да се добијат во раните повоени години.Сер Алберт Ричардсон бил назначен архитект за реконструкцијата.Тој успешно ја преправил собата Нелсон и повторно ги изгради Нелсон скалилата. Работата се завршува во 1952 година по цена (тогаш) од 84,000 фунти.Новиот реставриран дел од јужното крило бело заземено од страна на Канцеларијата на јавниот обвинител и Одделот за претпријатија (попознати како човечки ресурси),зголемувајќи го нивното сместување во западното крило.

Користење од страна на владата[уреди | уреди извор]

Главниот оддел на владата во раните денови е Министерството за британската воена морнарица, што води кон легендата дека Нелсон работел во палатата некое време.Оваа приказна не е заснована , иако постариот брат Маурис бил вработен таму. Сè уште постои конференциска сала којшто е позната под името ‘Соба Нелсон’, прекрасен апартман во којшто копија од потврдата на тестамент според волјата на Нелсон е врамена на ѕидот.

Други оддели во палатата Сомерсет во периодот на првата половина на 19 век биле Комисијата за спроведување на закони , и Комисијата за десеток, во 1837 година Главниот регистар на раѓања,бракови и смртни случаи ја постави својата канцеларија во северното крило, воспоставуваќи врска која што траеше скоро 150 години.Оваа канцеларија ги има сите сертификати за раѓања,бракови и посмртници за Англија и Велс,индексите за ова сега се во Националната архива. Од основањето во 1837 година Школата за дизајн на владата, која што подоцна станува ‘the Royal College of Art’ ,се сместува во комплексот, сè до 1853 година, кога Министерството на британската воена морнарица требало да го прошири својот простор.

Лабораторијата на палатата Сомерсет, првенствено основана во 1842 година за спречување на мешањето на тутунските производи,почнува да работи со еден човек, Џорџ Филипс.Лабораторијата била водена од страна на Внатрешните приходи и подобрена со Законот за храна и лекови во 1875 година.Доктор Џејмс Бел бил главниот хемичар на Лабораторијата на палатата Сомерсет сè до неговото пензионирање во 1894 година.Тој бил заменет од хемичарот Сер Томас Едвард Троуп ,којшто во 1897 година ја затвора лабораторијата во рамките на палатата Сомерсет и работите од лабораторијата на владата ги преместува во нов објект со негов дизајн.

Од почетокот на новата палата Сомерсет има фискално присуство Канцеларијата за марки и Даночната канцеларија. Овие две канцеларии се покажуваат по цврсти од другите,што им помага да ги формираат Внатрешните приходи.Овој оддел станува најголемиот окупатор на палатата, иако северното крило станува достапно за јавни цели во 1970-тите години.

Палатата Сомерсет продолжува да биде во корист на Внатрешните приходи откако беше формирана со спојување на поштата, канцелариjата за даноци и Одделот за акцизи во 1849 година.Внатрешните приходи (приходи од трговија,домашни приходи) на крајот се спојува со Царини и даноци во 2005 година и нивниот наследник Приходи и царини продолжува да ја окупира палатата ,иако нејзиниот извршен и управен одбор се сели на улицата на Парламентот , непосредно по спојувањето.

Голем број на оддели и дирекции на Приходи и даноци претходно го окупирале источното, западното и новото крило на палатата Сомерсет сè до почетокот на 2009 година кога речиси сите вработени се преместиле , со преселување на другата страна од улицата во палатата Буш. Во 2004 година,е предложено ново предложениот Врховен суд на Обединетото Кралство да биде сместен во новото крило,но се донесува одлука наместо таму да се користи палатата на правдата Мидлсех.

Дом на уметностите и науките[уреди | уреди извор]

Исто како ‘the Royal Academy’ и ‘the Government Art School’,палатата Сомерсет обезбедува простор и за ‘the Royal Society’ ‘the Society of Antiquaries’. Овие, и геолошкото друштво се преселуваат во палатата Бурлингтон во Пикадили на почетокот од 19 век. Кон крајот на 20 тиот век,палатата заживува како центар за визуелните уметности. Прва институција што се вселува е Институтот за уметности Кортаулд, вклучувајќи ја и галеријата Кортаулд, која што има значајна колекција на стари сликари и слики на импресионисти.Кон крајот на 1990-тите години главниот двор прекинува да биде во улога на јавен паркинг и главната тераса со поглед на Темза сее преуредува и се отвора за јавноста,овие промени се набљудувани од водечките архитекти Доналс Инсал и соработниците . Се отвора центар за посетители кој прикажува аудио-визуелни претстави за историјата на палатата;позлатен параден чамец на градоначалникот на градот Лондон; а се отвораат и продавница и кафетерија во крилото што има поглед кон реката.Декоративната уметност од колекцијата на Гилберт и собите Ермитаж,во коишто се одржуваат изложби од позајмените експонати од музејот Ермитаж во Санкт Петербург,се пренесени во истиот дел.Последната изложба од Ермитаж се одржа во 2007 година а галериите со колекцијата на Гилберт се затвора во 2008 година;колекцијата се пренесува во новите галерии во Музејот ‘Викторија и Алберт’ во јуни 2009 година. Палатата Сомерсет сега става програма на изложби на цртежи од различни извори.

Во зимскиот период централниот двор е седиште на популатното лизгалиште на мраз на отворено,кое што се гледа на премиерата на божиќниот филм ‘Love Actually’ од 2003 година.Во други наврати , низа на фонтани прикажуваат 55 вертикални авиони на вода коишто се издигнуваат до различни височини.Дворот исто така се користи и како концертно место.Серија на музички настани наречени ‘Summer series’ се одржвуваат во јули секоја година. Тие вклучуваат и изведби на изведувачи како што се Bat For Lashes, Lupe Fiasco, Snow Patrol, We Are Scientists, Lily Allen и Amy Winehouse.Концерт на Goldfrapp беше снимен во дворот и објавен на Wonderful Electric DVD. Исто така се одржува и летно прикажување на филмови секоја година.Источното крило е окупирано од страна на ‘The Dickenson Poon School of Law’, ‘King’s College London’.

Локација за снимање на филмови[уреди | уреди извор]

Палатата Сомерсет со нејзиниот надворешен изглед е позната локација за снимање на филмови, вклучувајќи и неколку високо буџетни холивутски филмови. Меѓу нив се вбројуваат два филма за Џејмс Бонд, ‘Tomorrow Never Dies’ и ‘Golden Eye’ и неколку сцени од филмот ,’Shanghai Knights’ од 2003 година во која Џеки Чен и Овен Вилсон се снимени во дворот на палатата Сомерсет.Делови од филмот ‘The Duchess’ од 2008 година ,во кој настапува Кира Најтли и Ралф Фин, беа снимени во октомври 2007 година.Палатата Сомерсет исто така беше локација за снимање во неколку филмови на Шерлок Холмс (2009 година) во кој настапуваат Џуд Ло и Роберт Дауни Џуниор, а во режија на Гај Ричи. Снимки од надворешниот дел на палатата Сомерсет се исто така употребени и во хорор филмот на Тим Бартон од 1999 година, ‘Sleepy Hollow’ (2009 година) во кој настапува Џони Деп и филмот ‘Flyboys’ од 2006 година. Во 2012 година беше користена како локација за снимање на боливудскиот филм ‘Jab Tak Hai Jaan’ во кој настапуваат Шах Рук Кан , Катрина Каиф и Анушка Шарма во режија на Јап Чопра.

Палатата Сомерсет исто така беше главно место на емитувањето на новогодишната емисија на BBC, што ја водеше Наташа Каплински, која го прослави доаѓањето на 2006 година. Палатата беше замена за Бакингамската Палата во епизодата ‘Славна личност’ од серијата ‘Spooks.’

Влијанието на дизајнот на Чемберс[уреди | уреди извор]

Државната зграда на Масачусетс на Чарлс Булфинч,започна во 1795 година, е дело што е ‘целосно копирано’ од палатата Сомерсет.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Since the 18th century“. Somerset House Trust. Посетено на 27 February 2013.
  • Humphreys, Rob (2003). The Rough Guide to London (5. изд.). Rough Guides Ltd. стр. 165–6. ISBN 1843530937.
  • Borer, Mary Cathcart The City of London: A History. New York: McKay, 1977 (pp 156)
  • Stow, John A Survey of London. Reprinted from the Text of 1603. Ed. Charles Lethbridge Kingsford. 2 vols. Oxford: Clarendon, 1908 (2:394-5

Надворешни врски[уреди | уреди извор]