Соло ѕвезда (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Соло ѕвезда“ (англиски: Solo Star) е роман за деца на англиската писателка Синди Џефрис од 2006 година. Романот е дел од серијалот „Училиште за славни“ (како петта книга), објавен на македонски јазик во 2012 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се состои од следниве поглавја:[1]

  • Важниот ден
  • Нова ѕвезда во подем
  • Катастрофа
  • Вечер за помнење
  • Пробивање
  • Денот на концертот
  • Возбудливи моменти
  • Уште малку
  • Клои пее
  • Забавата

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата има 84 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-228-113-1. Преводот го извршила Славица Арсова, дизајнот и графичко-ликовното уредување го извршил Жарко Туниќ, а лектурата е дело на Лорета Шкиљевиќ. Книгата е отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Синди Џефрис, Училиште за славни - Соло ѕвезда Скопје: Детска радост, 2012.
  2. Синди Џефрис, Училиште за славни - Соло ѕвезда Скопје: Детска радост, 2012.