Соломонов печат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соломоновиот печат прикажан наједоноставно.

Соломонов печатмагиски прстен со печат, за кој се вели дека го поседувал кралот Соломон. Во средновековните еврејски, христијански и исламски легенди се вели дека овој печат на Соломон му давал моќ за да им наредува на демоните (или џиновите), или за да зборува со животните.

Во легендите[уреди | уреди извор]

Во приказните Илјада и една ноќ, еден лош џин е опишан како затворен во бакарно шише цели 1800 години, со печат ставен од прстен.

Во некои легенди, прстенот на Соломон е претставен од месинг и железо, на кој е изрезбарено името на Бога, и украсено со четири дијаманти. Во некои подоцнежни варијанти, прстенот едноставно го имал врз себе симболот наречен Давидова ѕвезда (хексаграм), претставен со два триаголника кои се преплетуваат. Во празнините има точки или симболи. Според други легенди, тоа е пентаграм или некоја многу комплицирана фигура.

Во една арапска приказна се вели дека демонот Сакхр ја прелажал една од сестрите на Соломон да му го даде прстенот. Сакхр тогаш владеел 40 дена (во некои верзии - 40 години), додека Соломон скитал низ земјата сиромашен. Потоа, Сакхр го фрлил прстенот во морето, една риба го голтнала, а рибарот што ја уловил, му ја однел на Соломон. Под казна, Сакхр е натеран да изгради голема џамија за Соломон.

Алхемија[уреди | уреди извор]

Во алхемијата, комбинацијата на симболите на оган и вода (триаголници свртени нагоре и надолу) е позната како „Соломонов печат“. Симболот ја претставува комбинацијата на спротивностите и трансформацијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]