Солилоквиум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Солилоквиум – подвид на монолог кој го изговара лик додека е сам на сцената или додека верува дека е сам, и така на публиката ѝ ги открива своите интимни размислувања и сомнежи. Примери се Хамлетовиот "Да се биде или не" и Магбетовиот солилоквиум од трагедиите на Вилијам Шекспир. Понекогаш тешко е да се каже дали тоа што се чуло е монолог, дијалог или солилоквиум, па изборот на соодветен поим е прашање на интерпретација.

Солилоквиумот бил често користен во драмите, но во времето кога драмата се свртила кон реализамреализмот кон крајот на 18 век истиот излегол од мода. Денес, со ограничените театарски буџети, солилоквиумот повторно се враќа на сцената.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]