Прејди на содржината

Солид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Солидус (латински: solidus)[1] — златна монета која била емитувана од античките римски и византиски императори. За првпат солидот бил воведен со монетарната реформа на царот Константин I Велики (306-337) во 309 г. Од 314 г. ковањето на солидот се проширило во западниот дел на Царството, а почнувајќи од 324 г. тој бил емитуван од сите царски ковници. Просечната тежина на солидот изнесувала 4,55 гр, а неговото емитување продолжило сè до монетарната реформа на императорот Алексиј I Комнин (1081-1118). Покрај солидот во оптек биле и неговите составни делови семис (половина од солид) и тремиз (третина од солид).

  1. „солид“ — Лексикон на македонскиот јазик