Солзавец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симболот за хемиски оружја, во чија категорија припаѓа и солзавецот.

Солзавец — која било супстанција од групата органски халогени соединенија, најчесто добиени по синтетички пат, кои предизвикуваат солзење на мембраната на очите предизвикувајќи чувство на иритираност проследено со солзи. Исто така, солзавецот може да ги иритира горните дишни патишта, предизвикувајќи кашлање, чувство на задушување и општа слабост.

За првпат употребен во Првата светска војна, но поради краткотрајноста на ефектите и неможноста за целосно оневозможување на непријателот, редовно продолжил да се користи од страна на органите за спроведувањето на редот и мирот како срество за дејство против големи групи луќе, за расурање на демонстранти, вклучително и негова примена врз вооружени сомнителни лица вез употреба на смртоносно оружје.