Сончева сјајност

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Соларна сјајност)
Еволуција на сончевата сјајност, полупречник и делотворна температура споредена со сегашното Сонце. Податоци: Рибас (2010)[1]

Сончева сјајност (симбол: ) — единица сјајност (луминозитет) или зрачен тек (моќ израчена во облик на фотони) во астрономијата со чија помош се утврдува сјајноста на ѕвездите. Една сончева сјајност е еднаква на тековно прифатената сјајност на Сонцето, што изнесува 3,839×1026 W, или 3,839×1033 ерг/с.[2] Ако покрај електромагнетното, го вброиме и неутринското зрачење, вредноста е малку повисока: 3,939×1026 W (еднакво на 4,382×109 кг/с или 2,107×10−15 M/d).[3] Сонцето е слаба променлива ѕвезда и затоа неговата сјајност е колеблива. Главните варијации се одвиваат во текот на единаесетгодишниот сончев циклус (циклус на сочевите дамки), што префизвикува периодично колебање од ±0,1%. Сите други варијации во текот на последните 200–300 години се сметаат за многу помали.[3]

Определување[уреди | уреди извор]

Сончевата сјајност е тесноповрзана со сончевата озрачителност (ирадијанса) што се утврдува на Земјата или од сателити во нејзината орбита. Средната озрачителност врз Земјината атмосфера понекогаш се нарекува сончева постојана (константа), . Озрачителноста се дефинира како моќ на единица површина, па затоа сончевата сјајност (вкупна моќ израчена од Сонцето) е озрачителноста што ја прима Земјата (сончевата постојана) помножена со плоштината на сферата чиј полупречник е средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето :

каде A е единицата растојание (вредноста на астрономската единица во метри), а k е постојана (чија вредност е мошне блиску до 1), што се должи на тоа што средното растојание од Земјата до Сонцето не изнесува точно една астрономска единица.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ribas, Ignasi (February 2010), „The Sun and stars as the primary energy input in planetary atmospheres“, Solar and Stellar Variability: Impact on Earth and Planets, Proceedings of the International Astronomical Union, IAU Symposium, 264, стр. 3–18, arXiv:0911.4872, Bibcode:2010IAUS..264....3R, doi:10.1017/S1743921309992298
  2. Carroll, Bradley W.; Ostlie, Dale A. (2007), An Introduction to Modern Astrophysics, Pearson Addison-Wesley, стр. Appendix A, ISBN 0-8053-0402-9
  3. 3,0 3,1 Noedlinger, Peter D., „Solar Mass Loss, the Astronomical Unit, and the Scale of the Solar System“, Celest. Mech. Dynam. Astron., arXiv:0801.3807

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]