Соединети Арапски Држави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соединети Арапски Држави
الدول العربية المتحدة
ад-Дувал ал-Арабијах ал-Мутахидах
Местоположба на Соединети Арапски Држави
Главен градНиеден (де јуре)
Каиро (де факто)

Соединетите Арапски Држави (САД, арап. الدول العربية المتحدة) биле краткотрајна конфедерација на Обединетата Арапска Република (Египет и Сирија) и Северен Јемен од 1958 до 1961 година.

Обединетата Арапска Република била суверена држава создадена од сојузот на Египет и Сирија во 1958 година. Истата година, Мутавекилиското Кралство Јемен (Северен Јемен), кое веќе го потпишало одбранбениот пакт со Египет, се приклучил на новата држава во 1958 година во лабава конфедерација наречена Соединетите Арапски Држави. Една од причините за оваа одлука бил фактот дека Јемен долго време се чувствувал загрозен од неговиот значително поголем и помоќен северен сосед, Саудиска Арабија (двете воделе војна во 1934 година, а сè уште делеле делумно неозначена граница), и на тој начин конфедерацијата ја гледала како извор на безбедност.[1] Сепак, за разлика од земјите-членки на Обединетата Арапска Република, Јемен останал независна суверена држава. Го задржа своето членство во ООН и одделните амбасади во текот на целиот период на конфедерацијата.

Ниту сојузот ниту конфедерацијата не ја исполниле својата улога како средства на пан-арабизам или арапски национализам, бидејќи тие биле распуштени во 1961 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ghanem, Isam (1981). Yemen: Political History, Social Structure and Legal System. Arthur Probsthain. стр. 8. ISBN 978-0853820185.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]