Прејди на содржината

Содома и Гомора (филм од 1962)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Содома и Гомора“
РежисерРоберт Олдрич
ПродуцентЏозеф Е. Левин
Маурицио Лоди-Фе
Џофредо Ломбардо
СценаристЏорџо Проспери
Хуго Батлер
Главни улогиСтјуарт Грејнџер
Анук Еме
Пјер Анџели
Стенли Бејкер
Росана Подеста
МузикаМиклош Рожа
КинематографијаАлфио Контини
Силвано Иполити
Цирил Џ. Ноулс
Марио Монтоури
МонтажаМарио Серандреи
Питер Танер
ДистрибутерTwentieth Century-Fox Film Corporation
ПремиераИталија 4 октомври 1962
САД 23 јануари 1963
Времетраење154 минути
ЗемјаИталија/Франција/САД
Јазиканглиски

„Содома и Гомора“ (англиски: Sodom & Gomorrah), познат во САД како „Последните денови на Содома и Гомора“, е филм на режисерот Роберт Олдрич (Robert Aldrich) од 1962 година, делумно заснован на библиската приказна за Содома и Гомора. Филмот е француско-италијанска-американска копродукција направена од Pathé, SGC и Titanus. Филмот е продуциран од Маурицио Лоди-Фе, Џофредо Ломбардо и Џозеф Е. Левин. Сценариото е напишано од Џорџо Проспери (Giorgio Prosperi) и Хуго Батлер (Hugo Butler), кинематографи се Алфио Контини, Силвано Иполити, Цирил Џ. Ноулс и Марио Монтоури, додека музиката е дело на Миклош Рожа. Филмот трае 155 минути. Главните улоги ги играат: Стјуарт Гренџер (Stewart Granger), Пјер Анжели (Pier Angeli), Стенли Бејкер (Stanley Baker), Росана Подеста (Rossana Podestà), Рик Батаља (Rik Battaglia), Џакомо Роси-Стјуарт (Giacomo Rossi-Stuart) и Анук Еме (Anouk Aimée).[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Градовите-близнаци Содома и Гомора брзо се развиваат поради богатството на сол, кое го копа армија робови. Декадентните граѓани, кои се збогатиле со трговијата на солта, живеат во луксуз и користат робови за насилни игри и забава. Еврејскиот водач Лот (го игра Гренџер) го води својот народ во долината во близина на Содома и Гомора со кои владее немилосрдната кралица Бера (ја игра Еме). Кога Лот ќе нареди да се урне браната со цел Еламитите да не ги уништат двата града, кралицата во знак на благодарност му дозволува на народот на Лот да се насели во Содома...