Современ петобој на Летните олимписки игри 2012 – жени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Современ петобој на
Летните олимписки игри 2012

Modern pentathlon pictogram.svg
Дисциплини
мажи  жени

Женското натпреварување во современ петобој на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија, се одржа во Копер Бокс Арената (мечување), Центарот за водени спортови (пливање) и во Гриничкиот Парк (јавање и комбинирано) на 12 август, 2012 година.[1]

Формат на натпреварување[уреди | уреди извор]

Современиот петобој вклучува пет дисциплини, кои се одржуваат во еден ден. Форматот на натпреварување бил малку различен од типичниот современ петобој, со две комбинирани дициплини на крајот на натпреварувањето.

  • Мечување: Системот е секој против секого. Натпреварувачот кој прв ке постигне удар е победник. Резултатот бил базиран на процентот на победи.
  • Пливање: Трка на 200 метри краул. Резултатот бил базиран на постигнатото време.
  • Јавање: Натпревари во коњичко скокање. Резултататот бил базиран на казните поради соборени пречки, падови како и поради изминато време.
  • Комбинирано трчање/пукање: Три километарска крос-кантри трка комбинирана со пукање (натпреварувачот мора да погоди 5 мети за 70 секунди) на секој еден километар. Секој натпреварувач има различен старт (базиран од резултатот од претходните три дисциплини) па така првиот што ке стигне на целта го освојува златниот медал.[2]

Распоред[уреди | уреди извор]

Сите саатници се по Британско летно време (UTC+1)

Датум Време Рунда
Недела, 12 август 2012 08:00 Мечување
Пливање
Јавање
Недела, 12 август 2012 18:00 Комбинирано

Резултати[уреди | уреди извор]

Учествувале 36 натпреварувачи.[3]

Место Натпреварвач Мечување
Победи (поени)
Пливање
Време (поени)
Јавање
Резултат (поени)
Пукање+Трчање
Време (поени)
Вкупно поени[4]
Gold medal icon.svg  Лаура Асадаускаите (LTU) 23 (952) 2:18.67 (1136) 72.26 (1180) +49.64 (2140) 5408
Silver medal icon.svg  Саманта Мареј (GBR) 18 (832) 2:08.20 (1264) 80.27 (1140) +54.59 (2120) 5356
Bronze medal icon.svg  Јана Макрез (BRA) 21 (904) 2:12.39 (1212) 77.71 (1152) +1:06.08 (2072) 5340
4  Марга Исаксен (USA) 22 (928) 2:18.53 (1140) 61.56 (1120) +48.51 (2144) 5332
5  Чен Киан (CHN) 21 (904) 2:17.77 (1148) 85.30 (1120) +46.20 (2152) 5324
6  Анастасија Прокопенко (BLR) 15 (760) 2:32.87 (1020) 73.16 (1140) 11:06.00 (2336) 5256
7  Клои Еспосито (AUS) 14 (736) 2:12.28 (1216) 76.74 (1156) +49.40 (2140) 5248
8  Јелена Рублевска (LAT) 25 (1000) 2:26.93 (1040) 81.41 (1136) +1:11.22 (2052) 5228
9  Наталија Којл (IRL) 19 (856) 2:19.17 (1132) 72.20 (1160) +1:06.45 (2072) 5220
10  Ирина Клохлова (UKR) 18 (832) 2:16.22 (1168) 72.90 (1200) +1:26.44 (1992) 5192
11  Мелани МекКен (CAN) 19 (856) 2:21.56 (1104) 72.20 (1180) +1:14.23 (2040) 5180
12  Гинтат Венчкаускаите (LTU) 10 (640) 2:16.88 (1160) 69.57 (1160) +30.63 (2216) 5176
13  Силвија Гавликовска (POL) 17 (808) 2:17.35 (1152) 78.78 (1148) +1:09.27 (2060) 5168
14  Миао Јухуа (CHN) 20 (880) 2:19.31 (1132) 81.87 (1136) +1:20.31 (2016) 5164
15  Лена Шенеборн (GER) 19 (856) 2:19.76 (1124) 92.43 (1052) +52.18 (2128) 5160
16  Аја Медани (EGY) 20 (880) 2:18.70 (1136) 79.27 (1124) +1:25.92 (1996) 5136
17  Екатерина Хураскина (RUS) 18 (832) 2:29.07 (1012) 68.81 (1160) +53.04 (2124) 5128
18  Амели Казе (FRA) 19 (856) 2:11.33 (1224) 74.59 (1180) +2:02.71 (1848) 5108
19  Катарџина Вијчик (POL) 16 (784) 2:20.94 (1112) 62.74 (1140) +1:11.69 (2052) 5088
20  Адриен Тот (HUN) 24 (976) 2:17.32 (1156) 72.35 (1100) +2:01.33 (1852) 5084
21  Маири Спенс (GBR) 19 (856) 2:16.51 (1164) 81.85 (1096) +1:40.23 (1936) 5052
22  Натали Дианова (CZE) 17 (808) 2:13.78 (1196) 86.79 (1056) +1:27.61 (1988) 5048
23  Victoria Tereshuk (UKR) 14 (736) 2:16.07 (1168) 88.64 (1068) +1:18.64 (2024) 4996
24  Јанг Су-Јин (KOR) 14 (736) 2:17.93 (1148) 65.98 (1120) +1:34.71 (1960) 4964
25  Клаудиа Цезарини (ITA) 15 (760) 2:22.77 (1088) 89.15 (1044) +1:19.66 (2020) 4912
26  Аника Шлеу (GER) 12 (688) 2:20.01 (1120) 74.16 (1140) +1:40.04 (1936) 4884
27  Сабрина Кроњале (ITA) 20 (880) 2:24.24 (1072) 78.56 (1128) +2:21.22 (1772) 4852
28  Сузан Стетиниус (USA) 11 (664) 2:22.29 (1096) 71.40 (1120) +1:36.84 (1952) 4832
29  Дона Вакалис (CAN) 17 (808) 2:22.19 (1096) 104.64 (844) +1:04.03 (2080) 4828
30  Шино Јаманака (JPN) 07 (568) 2:30.36 (996) 76.02 (1136) +52.56 (2128) 4828
31  Елоди Клаувел (FRA) 15 (760) 2:09.87 (1244) 90.63 (1060) +2:38.50 (1704) 4768
32  Хана Василионак (BLR) 16 (784) 2:32.87 (968) 101.92 (1016) +1:43.61 (1924) 4692
33  Саролта Ковач (HUN) 11 (664) 2:08.11 (1264) НЗВ (420) +1:37.69 (1948) 4396
34  Наруми Куросу (JPN) 08 (592) 2:22.39 (1092) 144.18 (704) +2:46.94 (1672) 4060
35  Евдокија Гречичникова (RUS) 22 (928) 2:26.75 (1040) НЗВ (0) +1:53.87 (1884) 3852
36  Тамара Вега (MEX) 16 (784) 2:18.72 (1136) НЗВ (460) НСТ 2380

НСТ = Не стартувал НЗВ = Не завршил

Наводи[уреди | уреди извор]