Современи шаховски отворања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Современи шаховски отворања  
МШО 15.jpg
Корица на 15. издание на книгата од 2008 година
АвторРичард Грифит
Џон Херберт Вајт
Наслов на
оригиналот
Modern Chess Openings
ЗемјаОбединето Кралство Обединето Кралство
Јазиканглиски

Современи шаховски отворања е шаховска книга од британските шахисти Ричард Грифит и Џон Херберт Вајт. Делото е посветено на развојот и подраблочувањето на анализите во различните шаховски отворања, а служи и како корисно референтно дело, со кое се служеле голем број на врвни шахисти. Британскиот шахист и арбитар, Хари Голембек, делото го нарекол:

„прво научно испитување на отворањата во дваесеттиот век.“[1]

Книгата е напишана на англиски јазик, а првото издание било издадено во 1911 година од страна на British Chess magazine. Оттогаш биле издадени 15 изданија на книгата.

Историја[уреди | уреди извор]

Во времето кога било издадено првото издание на делото „Современи шаховски отворања“, поавторитетна книга било Билгеровото дело Handbuch des Schachspiels, кое за последен пат било издавано во периодот од 1912 до 1916 година, а веќе во 1930-тите години било старомодно. Популарноста на делото „Современи шаховски отворања“ била во постојан подем во првата половина на 20. век, а останала голема и во втората половина и на почетокот на 21. век. Во периодот од 1911 до 2008 година биле издадени 15 изданија на книгата. Првите изданија биле со многу мали димензии и бороеле реалативно мал број на страници[а], но со појавата на новите изданија, димензиите на книгата се зголемиле, а се зголемувал и бројот на страници. Така, 15. издание на книгата брои 768 страници. Страницата, обележана со xi од 15. издание го опишува делото како:

„стандардно дело за отворањата на англиски јазик, за речиси еден век“

Првите три изданија на книгата (од 1911, 1913 и 1916) биле дело на авторите, со помош околу воведот од страна на Хенри Ернест Еткинс. И идните изданија до околу 1946 година, биле уредувани од авторите, но со помош од страна на Филип Волсинган Сарџент и Морис Едвард Голдштајн, кои започнале да сортаботуваат околу издавањето на четвртото издание во 1925 година.

Во 1939 година, Рубен Фајн станал првиот велемајстор, кој започнал да работи на уредувањето на книгата. Фајн не бил во можност да работи на уредувањето на неколку последователни изданија, па во 1948 година го објавил делото „Практични шаховски отворања“. Но, Фајновото дело Практични шаховски отворања не било преработено и не било издадено во повеќе изданија, па така „Современи шаховски отворања“ останало најпопуларното референтно дело н англиски јаизк, посветено на отворањата.

Почнувајќи од уредувањето на седмото, па сè до уредувањето на тринаесеттото дело, големи заслуги за уредувањето му се препишуваат на Валтер Корн, кој станал и уредник на осмото издание на делото во 1952 година. При уредувањето на неколку изданија, помошници на Корн му биле Џек Колинс, Лари Еванс и Ник де Фирмијан.

По 1980 година, се појавиле неколку дела за шаховските отворања, кои му конкурирале на делото, меѓу кои најпознати се: Батсфордови шаховски отворања во 1982 и 1989 година и Нанови шаховски отворања[б] во 1999 година. Интернационалниот мајстор Џон Вотсон запишал дека 13.издание на „Современи шаховски отворања“, „не е според современите очекувања“,[2], а за 14. издание рекол дека е„огромен напредок во однос на претходното 13. издание во секој поглед“, споредувајќи го со делото Нанови шаховски отворања.[3]

Последното 15. издание на делото било уредено од страна на Ник де Фирмијан.

Стил на пишување[уреди | уреди извор]

Со постојаното уредување и објавувањето на секое ново издание, бил подобруван и стилот на пишување на книгата. Со проширувањето на содржината на делото по првото издание, бил зачуван логичкиот редослед на содржината.

Првите дванаесет изданија на книгата користеле описен запис за обележување на потезите, а почнувајќи од 13. издание и завршувајќи со последното 15. издание, потезите се обележани со употреба на алгебарски запис.

Список на изданија[уреди | уреди извор]

Во продолжение се наведени сите изданија на делото, хронолошки подредени и придружени со информации за уредниците на делото и издавачката куќа, која го издала.

Издание Година Уредници[в] Издавач
1 1911 Ричард Грифит and Џон Херберт Вајт, со вовед на Хенри Ернест Еткинс British Chess Magazine[1]
2 1913 Ричард Грифит и Џон Херберт, со вовед на Хенри Ернест Еткинс Longmans, Green & Co.
3 1916 Ричард Грифит и Џон Херберт Longmans, Green & Co.
4 1925 Ричард Грифит и Џон Херберт, со целосна преработка на Ричард Грифит, М.Е. Голдштајн и Филип Волсинган Сарџент Whitehead & Miller
5 1932 Ричард Грифит и Џон Херберт, со целосна преработка на Ричард Грифит, М.Е. Голдштајн и Филип Волсинган Сарџент Whitehead & Miller
6 1939 Ричард Грифит и Џон Херберт, со целосна преработка на Ричард Грифит, Рубен Фајн и Филип Волсинган Сарџент Whitehead & Miller
7 1946 Ричард Грифит и Џон Херберт, со целосна преработка на Валтер Корн, под уедништво на Ричард Грифит и Филип Волсинган Сарџент
8 1952 уредена и целосно преработена од страна на Валтер Корн Sir Isaac Pitman & Sons
9 1957 целосно преработена од страна на Валтер Корн и Џон Колинс Sir Isaac Pitman & Sons
10 1965 уредена и целосно преработена од страна на Лари Еванс, под уредништво на Валтер корн Sir Isaac Pitman & Sons
11 1972 Валтер Корн Sir Isaac Pitman & Sons
12 1982 Валтер Корн A. & C. Black
13 1990 Валтер Корн, ревидирана од страна на Ник де Фирмијан A. & C. Black
14 1999 целосна преработка на Ник де Фирмијан David McKay
15 2008 целосна ревизија на Ник де Фирмијан Random House

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Првото издание на книгата броело 198 страници.
  • б Делото Нанови шаховски отворања е дело на англискиот велемајстор Џон Нан, по кого и било насловено.
  • в Иако автори на првото издание на делото се Ричард Грифит и Џон Херберт Вајт, при уредувањето на останатите изданија, учество земале и други уредници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Harry Golombek (глав. уредник), Golombek's Encyclopedia of Chess, Crown Publishers, 1977, стр. 202, ISBN 0-517-53146-1
  2. Book Reviews by IM John L Watson #11, 1999
  3. Book Reviews by IM John L Watson #28, 2000

Литература[уреди | уреди извор]

  • Hooper, David, and Whyld, Kenneth, The Oxford Companion To Chess, Oxford University, второ издание, 1996, ISBN 0-19-280049-3