Современи македонски раскажувачи, избор

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Современи македонски раскажувачи, избор“ — збирка раскази од повеќе македонски писатели, во избор на Георги Сталев. Книгата е објавена во 1990 година како заедничко издание на следниве издавачки куќи: Култура, Детска радост, Македонска книга, Мисла и Наша книга. Таа служела како лектира за осмо одделение во основните училишта во СР Македонија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката ги содржи следниве раскази:[2]

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Приредувачот на збирката, Георги Сталев, исто така е автор и на поговорот. Рецензент на книгата бил Цане Здравковски, корицата, ликовното и графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ, а Димче Исаиловски е автор на илустрациите. Книгата била испечатена во НИПРО „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница и таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека, „Климент Охридски“, Скопје, но без меѓународната ознака ISBN.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990.
  2. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990.
  3. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990.