Советска војна во Авганистан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Советска војна во Авганистан
Дел од Студената војна

Муџахедини во Конар, 1987 година.
Датум 24 декември 1979 – 15 февруари 1989
Место Авганистан
Исход
Завојувани страни
 СССР
 Авганистан
Воена помош:
 Бугарија
 Романија
 Источна Германија
 Унгарија
 Монголија
Муџахедини
Поддршка од:
 САД
 Саудиска Арабија
 Пакистан
 Иран
 Кина
 Обединето Кралство
Команданти и водачи
Јуриј Тухаринов
Борис Громов
Валентин Вареников
Павел Грачов
Борис Ткач
Бабрак Кармал
Мухамед Наџибулах
Ѓулбедин Хекматјар
Бурханудин Рабани
Мухамед Наби
Сибгатула Моџадеди
Сиед Гајлани
Јунус Калес
Шах Масуд
Сила
80 – 104.000 советски воен персонал
50 – 130.000 од армијата на Авганистан
150.000
Жртви и загуби
14.453 убиени, 53.753 ранети околу 3,5 милиони (вклучувајќи цивили)
Советската инвазија на Авганистан.

Советско-авганистанската војна била деветгодишен конфликт во кој Советските војски влегле во Авганистан во поддршка на комунистичката Народна демократска партија на Авганистан во нејзината борба против муџахедините. Муџахедините пак, во контекст на Студената војна, биле поддржани од разни извори, вклучувајќи ги и САД, Саудиска Арабија, Пакистан, Египет и други муслимански земји.

Првобитно конфликтот започнал уште во текот на 1978 со присуство на советски воени инструктори и технички персонал на клучни локации во Авганистан, а кулминирал со масовна инвазија на 40. Армија на 27 декември 1979 во која бројот на ангажирани војници достигнал 104.000. Конечното повлекување на трупите на СССР започнало на 15 мај 1988 и завршило на 15 февруари 1989. Поради неконечниот статус на војната, конфликтот во Авганистан често се споредува со војната на САД во Виетнам.

Над 1 милион Авганистанци биле убиени во војната.[1] 5 милиони Авганистанци пребегнале во Пакистан и Иран, што е 1/3 од предвоената популација на земјата. Уште 2 милиони жители биле внатрешно раселени.[2] Над 1,2 милиони останале инвалиди, а вкупно 3 милиони биле ранети или повредени од воените дејства, главно цивили.[3]

Системите за наводнување, критични за земјоделството во сувата авганистанска клима биле уништени од бомбардирањата. Во 1985, која била најлошата година од војната, над половина од сите фармери кои останале во Авганистан им биле бомбардирани полињата или убиена стоката.[2]

Населението на вториот град по големина, Кандахар, се намалило од 200.000 пред војната, на околу 25.000 жители во 1987.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Death Tolls for the Major Wars ...
  2. 2,0 2,1 Kaplan, Soldiers of God (2001) (p.11)
  3. Hilali, A. (2005). US-Pakistan relationship: Soviet invasion of Afghanistan. Burlington, VT: Ashgate Publishing Co. (p.198)
  4. Kaplan, Soldiers of God (2001) p.188