Собирен центар

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Собирен центар“ (српски: Сабирни центар) — југословенски филм од 1989 година во режија на Горан Марковиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Душан Ковачевиќ, засновано врз неговата истоимена книга.[1]

Дејство[уреди | уреди извор]

Еден стар археолог (го игра Раде Марковиќ) наоѓа римска надгробна плоча по која трагал цел живот. Плочата го покрива преминот од „овој“ во „оној“ свет. Кога се обидува да ја помрдне, професорот претрпува срцев удар и наскоро умира. Но, тој е мртов е само за околината, а всушност се наоѓа во некаква состојба помеѓу животот и смртта. Бидејќи е истовремено е жив и мртов, тој воспоставува врска помеѓу живите и мртвите. Така, мртвите, водени од желбата да ги видат своите роднини, се движат низ преминот што професорот го открил под римската надгробна плоча за да се сретнат со своите најблиски во „овој“ свет. Но, светот на живите не е таков како што го замислуваат мртвите.[2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]