Соба со поглед (филм од 1985)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Соба со поглед (англиски: A room with a view) – британски филм од 1985 година, во режија на Џејмс Ајвори, a заснован на истоимениот роман на Е. М. Форстер. Главните улоги ги толкуваат: Хелена Бонам Картер, Даниел Деј-Луис, Меги Смит, Денхолм Елиот, Џулијан Сандс, Сајмон Калоу, Џуди Денч итн. Во 1987 година, филмот освоил три награди „Оскар“, во категориите: најдобро адаптирано сценарио, најдобра сценографија и најдобри костими, а бил номиниран уште во пет категории. Истата година, филмот имал три номинации за наградата „Златен глобус“, а освоил само една (Меги Смит за најдобра женска споредна улога). Исто така, филмот освоил пет награди БАФТА (од вкупно 14 номинации).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Луси Ханичрч (ја игра Картер) е на одмор во Фиренца, заедно со својата тетка Шарлот Бартлет (ја игра Меги Смит). Тие се незадоволни од собата во пансионот каде што престојуваат, а еден од гостите, господинот Емерсон (го игра Елиот) им нуди да ги заменат собите. Неговиот син Џорџ (го игра Сандс) се вљубува во Луси, а и таа не е рамнодушна кон него. При една заедничка прошетка во природа, при крајот на престојот, тие се бакнуваат, а потоа Луси си заминува во Англија. Набргу, таа се свршува со Сесил Вајс (го игра Деј Луис), меѓутоа во една вила во близината на нивната куќа се доселуваат Џорџ и татко му. Така, Џорџ повторно се среќава со Луси и ѝ кажува дека ја сака, а потоа таа ја раскинува свршувачката со Сесил. Потресена од тие настани, Луси се подготвува да отпатува за Атина, а Џорџ и татко му ја напуштаат вилата. Сепак, во последен миг, господинот Емерсон ѝ кажува на Луси за големата љубов на Џорџ кон неа. На крајот од филмот, Џорџ и Луси се повторно заедно во Фиренца, каде престојуваат во истиот пансион.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]