Собата на Марвин
Собата на Марвин (англиски: Marvin's Room) — американски филм од 1996 година, во режија на Џери Закс. Главните улоги ги толкуваат: Мерил Стрип, Роберт де Ниро, Дајан Китон и Леонардо Ди Каприо. Филмот е снимен според истоимената театарска претстава на Скот Мекферсон.
Содржина[уреди | уреди извор]
Филмот прикажува едно дисфункционално семејство, чии членови повторно се зближуваат по повод една тешка болест. Ли и Беси се сестри кои живеат во различни држави и не разговараат веќе 20 години, откако татко им доживеал мозочен удар. Но, кога Беси се разболува од леукемија, таа мора по секоја цена да ги пронајде Ли и нејзиниот син за да донираат коскена срцевина.[1] .[2]