Скијање на даска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сноуборд)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скијање на даска
Snowboarding.jpg
Скијач на даска прави свртување на свеж снег
Почеток 1965, Маскегон, Мичиген, САД
Карактеристики
Категоризација Отворен
Опрема Скијачка платформа, Даска, Чизми
Олимписки 1998
Параолимписки 2014

Скијање на даска (или сноубординг, англиски: snowboarding = snow, „снег“ и board, „даска“, во поново време разговорно нарекувано и снегштица[1]) — зимски спорт кој се одвива на даска за скијање (сноуборд). Овој спорт спаѓа во групата на екстремни спортови, што значи дека е опасен. Скијачот вози на даската налик на скејтборд, но во скијачки облик, по снег. Спортот е измислен во САД во 1960-тите и 1970-тите, а станал зимски олимписки спорт во 1998 година. Карактеристичен е, бидејќи на лицето кое управува со даската двете нозе му се прицврстени за неа, и мора да има извонредно чувство за рамнотежа. Обично овој спорт не се прави на долги патеки, туку на кратки но опасни патеки, проследени со ризични скокови на одредена висина, или над одреден предмет, а понекогаш се поминува со даската и по предметот.

Историја[уреди | уреди извор]

Првата совремеа даска за скијање билa „Снурфер“ (Snurfer), чие име доаѓа од зборовите „снег“ и „сурфер“, бил измислен од Шерман Попен во 1965 год. во Маскегон, Мичиген, како играчка за неговата ќерка. Снурферот на Попен почнал да се произведува уште истата година како играчка, сè додека не почнува поозбилно да се сфаќа скијањето на даска како спорт.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Збор смислен од Марио Шаревски на почетокот на 2010-тите, кој во неформална, некогаш и шеговита употреба се користи разговорно и на интернет