Прејди на содржината

Снимател

Од Википедија — слободната енциклопедија
Снимател

Снимател, камерман[1][2] (англиски: cameraman) или кинооператор — занимање во киното, лице што снима за филм, телевизија и сл.[3][4][5] Тој е стручњак што управува со кинокамера или видеокамера, со чија помош се снимаат подвижни слики. Снимателот е одговорен за видливиот дизајн на филмот и фотографскиот квалитет на сликата, а исто така е непосредно вклучен во создавањето на специјални ефекти. Снимател е зналец што ги знае изразитите можности на осветлувањето, знае да користи киноопрема и оптика, како и помошна снимателска опрема: колички, кранови, стедиками итн.[6]

Снимателот работи заедно со режисерот, раководителот на студиото, помошникот за производство и управникот на фотографија.

  1. „камерман“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „камерман“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „СНИМАТЕЛ НА СЛИКА“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-06-09. Посетено на 2024-11-13.
  4. „снимател“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „снимател“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  6. Ascher, Steven; Pincus, Edward (2007). „The Shoot“. The Filmmaker's Handbook: A Comprehensive Guide for the Digital Age (3rd. изд.). Plume. стр. 315-316. ISBN 978-0-452-28678-8. Посетено на 18 April 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]