Снежана Лупевска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Снежана Лупевска Созен (родена 1973 година во Скопје, Македонија) — македонска новинарка и продуцентка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Снежана Лупевска Созен дипломирала на Интердисциплинарни студии по новинарство на Правниот Факултет во Скопје 1996 година и посетувала магистерски студии по Криминологија при Правниот факултет во 2013 година. Од 1994 работи како новинарка во А1 Телевизија и репортерка за внатрешна политика, криминал и корупција. Од 1997 година е уредничка на вестите во оваа телевизија.

Новинарска и продуцентска дејност[уреди | уреди извор]

Од 2007 година Снежана Лупевска Созен е продуцентка и авторка на емисијата КОД која беше прикажувана на А1 Телевизија. Во 2009 година преминува во телевизијата Канал 5 и ја основа својата продукција Тринити плус. Освен КОД, која е единствената емисија во Македонија со истражувачки карактер која третира теми од корупција и криминал, Тринити плус од 2009 година па наваму ги бележи проектите „Агенти на промените” - серијал емисии за ПР и менаџмент водачи во светот, „Добра идеја” - промоција на иновативни бизниси во Македонија, „Калдрма” - емисија за децантрализацијата во Македонија,„Запознај ме” - емисија за маргинализирани групи, „Еднакви” - емисии за правата на ЛГТБ заедницата во Македонија. Сите емисии се емитуваат на локалните и националните телевизии во Македонија. Од 2015 година емисијата "Код" се емитува на ТВ Телма. Лупевска од 2015 година е главен и одговорен уредник на ТВ Телма, каде ја извршува функцијата до 2020 и повторна е од 2021 година.

Киднапирање во селото Танушевци[уреди | уреди извор]

На 16 февруари 2001 година Снежана Лупевска Созен е киднапирана, а потоа ослободена заедно со телевизиската екипа во селото Танушевци на северната граница со Косово од страна на припадниците на ОВК. Следниот ден во Македонија почнува вооружен конфликт меѓу припадниците на ОВК, кои се откриени од страна на Лупевска и македонската војска и полиција.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • награда од Американската амбасада за извонредни постигнувања и промоција на демократијата Во Македонија (2004)
  • награда од Здружението на Новинарите на Македонија „Јашер Ербара” за истражувачко новинарство (2012)
  • пофалници за најдобра емисија КОД од Македонскиот институт (2009, 2010)