Снежана Јованова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Снежана (Милан) Јованова-Митковска е родена во Штип, Р.Македонија на 06.03.1969 годинa. Основно и средно (гимназија – педагошка насока) образование завршила во родното место, со континуиран одличен успех. Во учебната 1987/88 година своето образование го продолжила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет - Институт за педагогија во Скопје. Студиите ги завршила во предвидениот рок (1991 година) со просечен успех 9.08 со што се стекнала со звање – дипломиран педагог. Заради исклучителните постигнувања во текот на студиите Министерството за образование и физичка култура на Р.Македонија и доделило стипендија за талентирани студенти. По дипломирањето Снежана Јованова-Митковска континуирано работи на развој на своите професионални компетенции. Успешно завршува неколку курсеви: курс за книговодители, курс за компјутери, курс по англиски јазик, курс по руски јазик.

Во 1997 година Снежана Јованова-Митковска се запишала на постдипломски студии на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на 30.10.2000 година успешно го одбранила магистерскиот труд под наслов Микропедагошки аспекти на училишната интеракција, стекнувајќи се со академски степен - магистер по педагошки науки. На 29.01.2008 година кандидатката го одбранила својот докторски труд под наслов Развојни стратегии и модел на работа на почетното математичко образование, со што се стекнала со академски степен - доктор по педагошки науки.
Освен преку формално образование д-р Снежана Јованова-Митковска својот професионален профил континуирано го збогатувала и со повеќе обуки низ семинари значајни за професијата која ја работи: Човекови и малцински права; Некомпетитивни игри; Комуникација со деца и работни методи; Комуникација и конфликти; Разрешување конфликти; Градење на доверба, Респект и соработка; Надминување на стереотипи и мултикултурализам; Креирање на групи; Стратегии за пријателска подршка; Стратегии за подобрување на интеретничките релации; Меѓуцентарска соработка и креирање на мрежи; Детски и младински дебати; Учиме право-street low; Универзитетска конференција за интеруниверзитетска соработка со посебен акцент на Универзитетот во Ница.

Својата универзитетска кариера Снежана Јованова-Митковска ја започнува на 14 октомври 2002 година кога со Одлука на Наставно-научниот совет на Педагошкиот факултет Гоце Делчев во Штип е избрана за помлад асистент по група педагошки предмети на одделот за предучилишно воспитување. Во учебната 2002/2003 година е ангажирана во реализацијата на вежбите од предметот Методика на воспитно-образовната работа по природа и општество на одделот за предучилишно воспитание и Методика на наставата по природа и општество на одделот за одделенска настава. Во 2003 година е избрана за асистент по предметите: Методика на воспитна работа на отсекот за одделенска настава и Методологија на истражувањето на отсекот за предучилишно воспитание и одделенска настава, во реализирање на практичните вежби од наведените предмети. Во 2006 година повторно е реизбрана за асистент по предметите: Методика на воспитна работа на отсекот за одделенска настава и Методологија на истражувањето на отсекот за предучилишно воспитание и одделенска настава во реализирање на практичните вежби од наведените предмети. Истовремено продолжува да ги реализира и вежбите од предметот Методика на воспитно-образовна работа за природната и општествената средина и практичните вежби од предметот Методика на наставата по природа и општество на одделот за одделенска настава. Во 2008 година д-р Снежана Јованова-Митковска, е избрана во звањето доцент за предметите од научната област педагогија: Методологија на педагошко истражување на одделот за одделенска настава и предучилишно вопситување и Методика на воспитно-образовната работа по природната и општествената средина на oдделот за предучилишно воспитување, на Педагошкиот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип[1].

Активно е посветена на креирање, редизајнирање и реализација на предметните програми на предметите за кои е ангажирана. Со високо ниво на посветеност и иновативност ги реализира предавањата и вежбите од Методологија на педагошкото истражување (оддел за одделенска настава, оддел за предучилишно воспитување), Методика на воспитно-образовна работа по природ и општество 1, 2 и 3 (оддел за предучилишно воспитување), Современи стратегии на учење и поучување (оддел за одделенска настава), Методика на работа во комбинирани паралелки (оддел за одделенска настава, Детето истражувач на природата (оддел за предучилишно воспитување), Методика на воспитно образовна работа по математика 1 и 2 (оддел за предучилишно воспитување), Математика низ игра (оддел за предучилишно воспитување), Акциони истражувања (оддел за одделенска настава). Доцент д-р Снежана придонесува и во реализацијата на студиските програми (наставна насока, 2011/2012 и 2012/2013) на Факултетот за природни и технички науки и на Филолошкиот факултет преку изведување на настава за изборните предмети: Методологија на педагошкото истражување, Современи стратегии на учење и поучување и Методика на настава во комбинирани паралелки.

Од учебната 2009/2010 година, па до денес, д-р Снежана Јованова-Митковска активно учествува во развојот на курикулумот и реализацијата на наставата на: вториот циклус на студии на Факултетот за образовни науки; и студиската програма за стекнување на наставнички компетенции. Ангажирана е за изведување на настава по предметите: Современи тенденции во воспитно образовната работа по природа и општество, Методологија на педагошкото истражување, Методички практикум, Современи стратегии на учење и поучување (напреден курс), Методичко планирање со практикум и Методика 2, Методика на развивање на почетни математички поими, Методика на в.о. работа по ПО, Современи тенденции во воспитно-образовната работа по ПО, Развој на курикулум и методи во воспитно-образовно подрачје математика, Акциони истражувања (напреден курс), Методика.

Д-р Снежана Јованова-Митковска од учебната 2010/11 до денес, е вклучена во реализацијата на наставата на втор циклус на студии за наставниот предмет Методологија на научно-истражувачка работа на Факултетот за музичка уметност. Во учебната 2012/13 е вклучена и во реализацијата на наставата по предметите Современи стратегии на учење и поучување (напреден курс) и Методологија на научното истражување на втор циклус на студии на Факултетот за информатика. Била ментор на три одбранети магистерски тези, член на комисија за одбрана на магистерска теза, член на комисија за одбрана на специјалистички трудови. Во периодот од 2004 до 2005 година, во соработка со студентите од трета година и предметниот професор по Методологија на истражување, кандидатката работи на преводот (српско-македонски) на учебникот Методологија на истражување од Поткоњак, Н. и Банѓур, В., извор кој студентите подолг временски период го користат за подготовка на испитот од наведениот предмет.

Д-р Снежана Ј. Митковска има објавено универзитетски учебник, рецензирана скрипта и практикум за предметите кои ги предава на Факултетот за образовни науки со што придонесе во подобрување на достапноста на литература за студентите[2].

Целокупниот научноистражувачки опус на доцент д-р Снежана Ј. Митковска е презентиран на повеќе меѓународни и домашни конференции, конгреси, собири и симпозиуми и публикуван во изданија достапни како на домашната така и на меѓународната јавност. Доцент д-р Снежана Ј. Митковска својот професионален ангажман го пројавува и преку учество (обучувач, модератор на работилници, учесник во работилници) во реализација на проектни активности значајни за унапредување на квалитетот на образованието на наставници и пошироко: 1999-2003, Вавилон, АСТИБО, ЧЕЗВИ; 2001, Превенција на малолетничката деликвенција, АНИ; 2002, Организација на слободното време на лица со пречки во развојот, АСТИБО; 2007/2008, Модернизација на образованието, Современи техники и методи на работа, АЛГОРИТАМ; 2009 - 2013, Зајакнување на капацитетите за обука на идните наставници за работа во мултиетничка средина, ОБСЕ; 2009 – едукатор/обучувач Факултет за општествени науки-ФОН, Стратегии и техники на поучување и учење; Проект „Инклузивно образование“ (УНИЦЕФ 2011-2013); Градење на капацитетите за јазична и математичка писменост – УНИЦЕФ; „Во светот на детето“, Организација на жените на општина Струмица; 2013 – обучувач, НВО Витраж, БРО Скопје – Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност. Д-р Снежана Ј. Митковска учествувала во експертиза за изработка на неколку прирачници и упатства значајни за осовременување на образованието на наставници во нашата држава: 2001, „Превенција на малолетничка деликвенција“, НВО„АНИ“,СОРОС; 2012, Прирачник за Социјални вештини и одговорности на наставниците и стручни соработници во училиштето – ОБСЕ; 2012/13, Упатство за изведување на практичната настава – ОБСЕ. Рецензент е на два практикуми (Практикум по основи на физичко воспитание со методика за предучилишно воспитување од проф. д-р Илија Клинчаров и асс. м-р Билјана Попеска; Практикум по основи на физичко воспитание со методика за одделенска настава од проф. д-р Илија Клинчаров и асс. м-р Билјана Попеска.) и еден универзитетски учебник (Училишна педагогија и училишна организација (одбрани поглавја), од проф. д-р Соња Петровска[3].

Покрај обемниот ангажман во наставната, научноистражувачката и апликативната дејност д-р Јованова - Митковска работи и во областа на академското промовирање на Педагошкиот факултет давајќи исклучителен придонес во неговите развојни текови. Таа е член на: Уредувачкиот одбор на Годишниот зборник на Педагошкиот факултет, 2006/2007 и на Уредувачкиот одбор на списанието Воспитание, Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“Штип; Комисијата за изменување на студиски програми за прв циклус додипломски студии за одделите одделенска настава и предучилишно воспитување (2008); Комисијата за ревидирање на студиските програми на Педагошкиот факултет во Штип (2008); Комисијата за изготвување на Елаборат за организирање на трет циклус на академски универзитетски студии(2008); Комисија за упис на студенти за универзитетски академски студии од втор циклус (2009); Комисија за изработка на Елаборат-студиски програми за Социјална педагогија и библиотекарство и архивистика за прв циклус на академски универзитетски студии (2009); Член на комисија за разгледување на документација по конкурси за избор во звања; Комисија за потврда на веродостојноста на презентираните податоци од наставниците за ФРВ (2012); Комисија за подготовка на Елаборат за педагошка доквалификација-МОН„ (2013) Од 2011 година доцент д-р Снежана Ј. Митковска е избрана за продекан на Факултетот за образовни науки[4].



Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]