Смрт попладне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смрт попладне
Death in the Afternoon
АвторЕрнест Хемингвеј
Изработувач на
корицата
Роберто Доминго
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Предмет(и)Корида
ЖанрПатопис
ИздавачСкрибнерс
Издадена
1932
Страници517

Смрт попладне — документарна книга напишана од Ернест Хемингвеј за церемонијата и традициите на шпанските борби со бикови, објавена во 1932 година. Книгата дава поглед на историјата и шпанските традиции на борбите со бикови. Содржи и подлабоко размислување за природата на стравот и храброста. Иако во суштина е книга водич, постојат три главни дела: делото на Хемингвеј, слики и речник на поими.

Содржина[уреди | уреди извор]

Хемингвеј станал љубител на борбите со бикови откако ја видел фестата во Памплона во 1920-тите, за која пишувал во „Сонцето пак изгрева“. [1] Во Смрт попладне, Хемингвеј ја истражува метафизиката на борбите со бикови - ритуализираната, речиси религиозна практика - што тој ја сметал за аналогна на потрагата на писателот по смислата и суштината на животот. Во борбите со бикови, тој ја открил елементарната природа на животот и смртта.[1] Маријана Вигинс за Смрт попладне напишала: „Прочитајте го за пишувањето, за начинот на кој се кажува... Тој ќе ве натера да ви се допадне [коридата]... Читате доволно и доволно долго, тој ќе ве натера да го засакате, тој е немилосрден“ [2]

Во неговите дела за Шпанија, Хемингвеј бил под влијание на шпанскиот мајстор Пио Бароха. Кога Хемингвеј ја добил Нобеловата награда, отпатувал да го види Бароха, а потоа на неговата смртна постела, конкретно за да му каже дека мисли дека Бароха повеќе ја заслужува наградата од него.

Смрт попладне била објавена од Скрибнерс на 23 септември 1932 година во печатено издание од приближно 10.000 примероци.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Meyers 1985
  2. Wiggins, Marianne (1984). Separate Checks. New York: Random House. стр. 148. ISBN 0-394-53255-4.
  3. Oliver

Надворешни врски[уреди | уреди извор]