Смрт и промени на трупот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Општ поим[уреди | уреди извор]

Најтешка патолошка промена во живиот организам е престанувањето на сите животни функции. Всушност се смета дека смртта настапила кога ќе престане дишењето и работата на срцето. Во патологијата смртта се вика(mors)а во клиничката практика (exitus letalis). Смртаа не секогаш е патолошка појава, смртта е неизбежна за живата материја. Со самото раѓање организмот е изложен на потрошување и тоа неизбежно доведува до смрт на организмот. Причините за смрт на организмот можат да бидат различни па според тоа се декат на * природна и патолошка(предвремена) смрт.

Природна смрт[уреди | уреди извор]

Природната смрт претставува умирање на организмот во длабока старост поради истрошеност на самиот организам и постепено намалување на неговите функции. Но нажалост овој тип на смрт е премногу редок бидејќи и постарите организми изумираат поради некоја болест а не поради нивна старост. Најчеста причина е атеросклерозата. Интересот на науката е се поголем за стареењето,па затоа постои наука која ги изучува процесите на стареењето и заболувањето.

Патолошка смрт[уреди | уреди извор]

Патолошката смрт може да биде насилна и поради болест. Насилната смрт настанува поради * насилно, умислено или случајно дејствување врз организмот како што е * траума, собраќајна несреќа, убиство, самоубиство и др. Патолошката смрт може да биде надејна и ненадејна. Ненадејната смрт настанува кај потполно здрави или слабо болни луѓе кај кои не се очекува смрт. Ненадејната смрт настанува поради прекин на функцијата на срцето, мозокот и крвотокот. Независно од тоа како таа настанала смртта се дели на клиничка и биолошка. Клиничката смрт настанува со прекинување на дишењето и работата на срцето. Смртта најчесто има свое времетраење. Неа и предходи агонија (привидна мсрт)каде што животните функции а најмногу дишењето и работата на срцето скоро и не се забележуваат. Во клиничката смрт не се забележуваат виталните знаци но сепак ткивата сеуште се живи и се додека тие живеат има шанси повторно да се вратат виталните знаци. Биолошката смрт е тотална смрт на организмот каде и самите ткива се изумрени и нема никакви шанси за враќање на телото во живот.

Промена на трупот[уреди | уреди извор]

Откако ќе настапи смртта телото почнува да оладува со што ни помага приближно да знаеме кога престанал животот на организмот. Од 6 до 10 часа по смртта се јавува мртовечка вкочанетост при која најпрво се здрвуваат мускулите на лицето а потоа сите останати. Во зависност од позицијата која ја зазема трупот се појавуваат модринки. На која страна што лежи на истото место се појавуваат модринките, потоа телото почнува да се одздрвува и да по 24 часа да се распаѓа. Најпрво се распаѓаат внатрешнитре органи а потоа целиот труп. И тоа се одразува со непријатна миризба.