Прејди на содржината

Смртта на велосипедистот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Смртта на велосипедистот“ (шпански: Muerte de un ciclista) — филм на режисерот Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem) од 1955 година. Автори на сценариото се Бардем и Луис Фернандо де Игоа (Luis Fernando de Igoa), а главните улоги ги играат: Лусија Босе (Lucia Bosè), Алберто Клосас (Alberto Closas) и Бруна Кора (Bruna Corrà). На Меѓународниот фестивал во Кан, филмот ја освоил наградата ФИПРЕСЦИ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на тајниот љубовен состанок, еден универзитетски професор и неговата љубовница, слугинка во високото општество, случајно со автомобилот удираат еден велосипедист. Иако гледаат дека велосипедистот е жив, тие не викаат прва помош за да не се дознае за нивната врска. Така, тие си заминуваат и го оставаат велосипедистот да умре. Откако весниците известуваат за неговата смрт, кај професорот и неговата љубовница се зголемува стравот дека ќе бидат откриени...

Наводи[уреди | уреди извор]