Смрдлика
Смрдлика (Смрдеш) | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Семејство: | Anacardiaceae |
Род: | Pistacia terebinthus L. |
Вид: | Смрдлика |
Биномен назив | |
Pistacia terebinthus |
Смрдлика или смрдеш (Pistacia terebinthus L. фам. Anacardiaceae) — листопадна грмушка со мало дрво од Медитеранот и Субмедитеранот[1]. Има сложени, непарно перести листови[1]. Дводомен вид кај кој цветовите се собрани во метлести соцветија[1]. Плодот е мала, металносива косличка[1]. Содржи смолни канали и смола во вегетативните делови[1]. Претставува единечна или групна примеса во поизразито термофилните шумски заедници[1]. Доста е застапено насекаде во Македонија, а посебно во јужните делови, заради што тоа е застапено и во топонимијата, односно во името на планината Смрдеш во Радовишко, костурското село Смрдеш во Егејска Македонија итн.