Смолјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Смолјан,
Бугарија Бугарија

Смолјан

Област

Смолјанска

Општина

Смолјан

Население

30.283
(според 2011[1])

Регистарска ознака

СМ (BG)
Градоначалник Дора Jaнкова (БСП)
Надморска височина 1000 м
Портал http://www.smolyan.com/
Координати: 41° 58′ С, 24° 69′ И

Смолјан или Смолен (бугарски: Смолян) — град во Jужна Бугариjа, сместен на jужните падини на планината Родопи. Центар е на Општина Смолјан и на Смолјанска област. Во градот се наоѓа археолошки музеј, театар и астрономска опсерваторија.

Градот го добива своето име од словенското племе Смолjани, кое во раниот среден век ја населувало областа.

Географија[уреди | уреди извор]

Од престолнината Софија, Смолен е оддалечен 240 км, а од најблискиот поголем град Пловдив, оддалечен е 100 км.

Смоленската Област се наоѓа во средишниот дел на Родопите на значителна надморска височина од 1.000 м, а околу градот се наоѓаат бројни планински врвови повисоки од 2.000 м надморска висина. Смолен е административен центар на највисока надморска височина во Бугарија. Местоположбата погодувала за развој на зимскиот и планинскиот туризам, па во близина на градот се развиле значајните туристички центри Пампорово и Чепеларе.

Низ Смолен протекуваат две реки, Черна (Црна) и Бјала (Бела).

Климата во градот е континентална со влијание на планинската клима заради големата надморска височина.

66% од општината Смолен е под шума, што е многу повисоко од државниот просек.

Историја[уреди | уреди извор]

Околината на Смолен е населена уште од времето на Тракијците. Се смета дека градот името го добил по словенското племе Смоленци, кои ја населиле оваа област во почетокот на средниот век. Подоцна овој простор е под власт на Византија, средновековна Бугарија, Османлиското Царство.

Смолен особено се развил во текот на последниот дел од владеењето на Османското Царство во 19 век, кога градот бил познат под името Пашмакли и бил претежно населен со Бугари муслимани – Помаци. Во 1878 година, Смолен станува дел од новооснованата држава Бугарија.

Население[уреди | уреди извор]

Катедралата „Св. Висарион Смоленски“
Црквата „Свети Никола“ во Устово

После Втората светска војна, Смолен броел околу 5.000 жители[2] Оттогаш градот расте од деценија во деценија, најмногу заради миграцијата село-град, како и миграцијата од околните помали гратчиња, и го достигнува својот врв во деведесетите години на дваесеттиот век кога брои повеќе од 34.000 жители.[3]

Град Смолен
1887 нема податоци
1910 нема податоци
1934 нема податоци
1946 5.406
1956 7.472
1965 17.448
1975 28.492
1985 31.539
1992 34.086
2001 33.153
2005 31.988
2007 31.922
2009 31.718
2011 30.642

Според последниот попис од 2011 година, етничкиот состав на градот е следниов:[4][5]

  • Бугари: 25.045 (97,0%)
  • Роми: 258 (1,0%)
  • Турци: 153 (0,6%)
  • Други: 120 (0,5%)
  • Недефинирани: 248 (1,0%)
  • Не се изјасниле: 4.818 (15,7%)

Вкупно: 30.642

Поголем дел од населението се православни, а помал се муслимани.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]