Смилевски манастир
Свети Петар и Павле | |
Црквата „Св. Петар и Павле“ | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Крушевско-демирхисарска |
| Парохија | Демирхисарска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°22′24.7″N 21°47′56.7″E / 41.373528°N 21.799083°E |
| Место | Смилево |
| Општина | Демир Хисар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Апостол Петар Апостол Павле |
| Изградба | 1983 - 1984 изворно: XIX век |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | крстокуполен |
Св. Петар и Павле (често само Св. Петар) или Смилевски манастир — манастир во демирхисарското село Смилево. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Манастирoт е сместен на неколку километри високо над Смилево. Црквата е изградена во средината на XIX век. Важи за богат манастир — малку обработливо земјиште, но многу шуми, пасишта, кози и овци.[1]
Во средината на XX век, по смртта на игуменот Петар (Петре) манастирот се запустил и црквата пропаднала во урнатини.[1] Мештаните ја оствариле неговата последна желба црквата да биде возобновена.[2] Денешната манастирска црква е изградена во 1983 – 1984 година врз темелите на старата. Претставува крстокуполен храм со камбанарија на запад.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 80. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ „Смилево“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 2022-01-03. Занемарен непознатиот параметар
|достъп_дата=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Смилевски манастир на Ризницата ?


