Смил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смил
Helichrysum arenarium.jpg
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Asterids
Ред: Asterales
Семејство: Asteraceae
Род: Helichrysum
Вид: H. arenarium
Биномен назив
Helichrysum arenarium
(L.) Moench, 1794

Смил (латински: Helichrysum arenarium) — лековито растение со жолти ситни цветови, што расте на песокливи планински ливади. [1]

Опис[уреди | уреди извор]

Како повеќегодишно растение, средната висина на смилот е 0,3 м.

Неговите листови се рамни, пониските имаат елипсовиден облик, а повисоките се прави. Влакнести се од двете страни.

Главите на цветовите се распоредени во лабав крст. Широки се 3 до 4 мм и се со светла златно-жолта боја.

Смилот се наоѓа од Источна Франција до Данска, но и на планините во Узбекистан на песокливите падини. Исто така распространет е по Далматинското Крајбрежје во Хрватска, каде мештаните редовно го берат и го продаваат во летните месеци.

Употреба[уреди | уреди извор]

Чај (инфуз) од светло-жолтите цветови се користи во третманот на болести на жолчното кесе и како диуретик во лекување на реума и циститис.

Цветот исто така се користи како состојка во билните овошни чаеви.

Сувото растение често се користи за украсување заедно со, или наместо, растението од неговото семејство Helichrysum bracteatum.

Helichrysum arenarium

Занимливости[уреди | уреди извор]

Заради убавината и мирисот на цветот, на децата им се даваат имиња кои произлегуваат од неговото име – Смиле и Смилка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2011) (на македонски). Толковен речник на македонскиот јазик. V. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 458. ISBN 978-608-220-016-3.