Смешните кокети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смешните кокети
Смешните кокети

Смешните кокети (француски: Le précieuses ridicules) - драма во еден чин (комедија) на францускиот писател Молиер од 1659 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

За делото[уреди | уреди извор]

Молиер доживеал огромен успех со „Смешните кокети“ при што тој играл една од главните улоги.[1] Комедијата-едночинка „Смешните кокети“ ги исмејува обичаите и светскиот салонски живот, на кој му недостасувала природност, и кој во основа бил лага и лицемерие: две кокетни госпоѓици го одбиваат додворувањето на две момчиња (гроф и маркиз), и се вртат кон други двајца кои се облечени како гроф и маркиз, а кои се всушност преоблечени слуги во таа облека. Ова интересно сиже му пружило можност на Молиер да го прикаже потеклото и психологијата на на лицемерството во 17 век. Ова дело претставува пресврт во творештвото на Молиер, зашто во него првпат започнал да ги исмејува недостатоците на тогашното општество.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, Tartif – Don Žuan. Beograd: Rad, 1962, стр. 204.