Прејди на содржината

Сметководител 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сметководител 2
Плакатот на македонски јазик
РежисерГавин О'Конор
Продуцент
СценаристБил Дубук
Главни улоги
МузикаБрајс Деснер
КинематографијаШејмус Макгарви
МонтажаРичард Пирсон
Студио
Дистрибутер
Премиера25 април 2025 г. (САД)
24 април 2025 г. (Македонија)
Времетраење132 минути[1]
Земја САД
Јазик
Буџет80 милиони долари
Бруто-заработка83 милиони долари[2][3]
ПретходенСметководител
IMDbID 7068946

Сметководител 2 (англиски: The Accountant 2) — американски акционен трилер, режиран од Гавин О'Конор, а напишан од Бил Дубук. Во главните улоги се Бен Афлек, Џон Бернтал и Џеј-Кеј Симонс. Тоа е продолжение на филмот „Сметководител“ (2016). Премиерата на филмот во САД била на 25 април 2025 г., а во Македонија на 24 април истата година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Кога нејзиниот поранешен шеф е убиен од непознати убијци, агентката за финансии Мерибет Медина е принудена да дојде во допир со Кристијан Волф за да го реши убиството. Со помош на својот отуѓен, но многу смртоносен брат Бракс, Крис го применува својот генијален ум и помалку законски начини за да ја состави нерешената загатка. Како што се приближуваат до вистината, тројцата го привлекуваат вниманието на некои од најсуровите убијци во светот — сите решени да стават крај на нивната потрага.

Глумец Улога
Бен Афлек Кристијан Волф / Сметководителот
Џон Бернтал Бракстон
Синтија Адај-Робинсон Мерибет Медина
Џеј-Кеј Симонс Рејмонд Кинг
  1. The Accountant 2 (15)“. Британски одбор за филмска класификација. 10 април 2025. Посетено на 10 април 2025.
  2. „The Accountant 2“. Box Office Mojo. Посетено на 12 мај 2025.
  3. „The Accountant 2 – Financial Information“. The Numbers. Посетено на 12 мај 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]