Смедеревка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Смедеревка е автохтон вид на бело грозје и белото вино произведено од истото.

Грозје[уреди | уреди извор]

Грозје од сортата Смедеревка во Тиквешијата

Оваа врста на бело грозје е со изразито златножолта зеленкаста боја. Името го добила по градот Смедерево во Србија каде настанала како автохтона сорта во бреговитито подунавско виногорје.

Се смета дека одгледувањето на винова лоза на овој простор (а со тоа и на смедеревката) датира од времето на римскиот император Проб. [1].

Зрната се збиени и поситни, а вкусот е малку киселикав, така да оваа сорта грозје во најголема мера се користи за производство на бело вино.

Вино[уреди | уреди извор]

Виното произведено од оваа сорта грозје го носи истото име – смедеревка. Смедеревката е една од најраспространетите сорти во Македонија. Во Србија се произведува во заечарското виногорје, додека во смедеревското повеќе не се произведува.

Виното е со киселикав вкус и најчесто се консумира мешано со сода или со кисела вода. Овој пијалак е познат под името шприцер.

Наводи[уреди | уреди извор]