Случај за неискусниот џелат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Случај за неискусниот џелат (чешки: Případ pro začínajícího kata) - чехословачки филм од 1970 година, во режија на Павел Јурачек, кој е автор и на сценариото, напишано според романот на Џонатан Свифт. Главните улоги ги толкуваат: Љубомир Костелка, Клара Јернекова, Милена Захриновска, Радован Лукавски, Јиржи Јанда, Милош Вавра, Вилма Сејдова, Мирослав Махачек, Јиржи Халек, Едуард Дубски, итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Лемуел Гуливер (го игра Костелка) се соочува со затворен пат, така што продолжува по непознат селски пат, но доживува сообраќајна несреќа. Тој го продолжува патот пеш и наоѓа мртов зајак во човечка облека и му го зема часовникот. Тој влегува во една напуштена зграда која го потсетува на деството, а таму му се привидува саканата девојка Маркета (ја игра Јернекова) која се удавила пред многу години. Потоа, се наоѓа во непознатата земја Балнибарби каде постојано предизвикува скандали, затоа што не ги познава тамошните закони и обичаи. Така, Лемуел е уапсен, а поради неговиот часовник, истражителите сметаат дека тој е зајакот Оскар кој се познава со принцот Муноди. На судењето, тој се спријателува со професорот Бејел (го игра Лукавски), кој го води низ градот, покажувајќи му ја Академијата на иновациите. Исто така, Лемуел оди на прием кај гувернерот (го игра Халек) на Балнибарби кој му кажува за чудната земја која се наоѓа на небото. Најпосле, Лемуел е осуден на смртна казна, но во последен миг е ослободен, а гувернерот на Балнибарби го затвора во една кула од каде Лемуел заминува во градот на небото. Меѓутоа, таму не го наоѓа кралот, кој одамна заминал во Монте Карло, каде работи како портир во еден хотел. Лемуел се враќа во Балнибарби, а таму гувернерот се обидува да го убие. Сепак, Лемуел се спасува и со помош на селскиот лудак ја напушта чудната земја Балнибарби.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]