Случаи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Случаи е збирка куси раскази од рускиот писател Данил Хармс. Збирката е објавена во 2004 година, од издавачката куќа “Темплум”.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката “Случаи” е објавена како 11 книга на библиотеката “Магма”. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 128 страници. Преводот од руски јазик е дело на Павел Попов. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-36-4. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата “Точка”, а книгата е испечатена во печатницата “Боро графика”. На предната корица е ставена фотографија од доцните дваесетти години на XX век, на која се прикажани маж и жена со повреди на главата, здобиени во сообраќајна несреќа. На крајот од книгата е дадена хронологија на животот на Хармс, напишана од Анатолиј Алекандров, по што следуваат три страници со фотографии на Хармс. На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката ги содржи следниве раскази:[1]

  • Случки
  • Паѓаат старици
  • Сон
  • Столарот Кушаков
  • Загуби
  • Што се продава сега во продавниците
  • Борци
  • Линчување
  • Средба
  • Случка
  • Случајот со Петраков
  • Федја Давидович
  • Сандак
  • Машкин го убил Кошкин
  • Почеток на мошне убав летен ден
  • Рехабилитација
  • Ме нарекуваат мајмун
  • Сега ќе раскажам...
  • Симфонија
  • Сликарот и часовникот
  • Сонет
  • Паѓање
  • Судбината на жената на професорот
  • Неочекувана пијанка
  • Пречка
  • Младичот кој го зачуди чуварот
  • Иван Јаковлевич Бобов се разбудил...
  • Спомените на еден мудар старец
  • Историска епизода
  • Витез
  • Пет недовршени приказни
  • Оптичка измама
  • Сказна
  • Таинствена случка
  • Натпреварување
  • Врска
  • Неуспешна претстава
  • Четири илустрации
  • Прво и второ
  • Мојот метод
  • Настан
  • Метален поглед
  • Ток!
  • Литерарни анегдоти
  • Анегдоти од животот на Пушкин
  • За Пушкин
  • Пушкин и Гогољ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Данил Хармс, Случаи, Темплум, Скопје, 2004.