Сложувалката на Парсифал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сложувалката на Парсифал
Податотека:Ludlum - The Parsifal Mosaic Coverart.png
АвторРоберт Ладлам
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
ЖанрШпионски роман
ИздавачRandom House
Издадена
Февруари, 1982 година
Страници630

„Сложувалката на Парсифал“ е шпионски роман напишан од Роберт Ладлам, издаден во 1982 година.

Резиме[уреди | уреди извор]

Мајкл Хавелок, (англизирана верзија на Михаил Хавличек),е разузнавачки агент кој работи во Одделот за тајни операции „Конзуларни операции“ на Државниот секретаријат на САД. На почтокот на романот, тој верува дека бил сведок на убиство на неговата партнерка и љубовта на неговиот живот, Џена Карас (англизирана верзија на Јана Карасова) на изолираниот брег на Коста Брава. Убиството на Џена било наредено бидејќи се докажало дека таа е двоен агент за КГБ.

Тој веднаш го напушта разузнавачкиот свет, професија која планирал долго да ја работи, и почнува да шета по места кои претходно ги посетил. Во Атина, Петар Ростов, постар директор на КГБ го приморува Хавелок на состанок. Подоцна, во Рим, Хавелок ја гледа Џена жива на железничка станица. Таа му бега, исплашена, а тој ја брка.

Тој стапува во контакт со поранешниот пријател од американскиот конзулат, полковникот Бејлор, и почнува да ја бара Џена низ неколку земји. Во меѓувреме, стратезите во „Конзуларни Операции“ во владата на САД заклучуваат дека тој е параноичен шизфреник и дека мора да го убијат, пред да компромитира цели мрежи низ Европа.Сите докази кои ги имаат индицираат дека Карас била двоен агент и дека успешно била убиена на Коста Брава. Еден од нив, „Црвенот“ Огвил поставува заседа на Палтинскиот рид во Рим со намера да го фати Мајкл. Сепак, Мајкл ги убива двајцата платеници кои тој ги најмил и откако тој ќе биде убеден дека Хавелок е невин, случајно ќе биде застрелан од страна на полковникот Бејлор, кој е пратен да го убие Хавелок.

Во САД, владата има сопствен проблем; Антон Матијас, Министерот за надворешни работи, признаен од целиот свет како генијалец и доверен со моќи поголеми од оние кои му ги дозволува неговото министерство, полудува. Пред другите да дознаат дека е луд, тој склучил договори со луѓе за кои тој верувал дека се претставници на СССР и Народна Република Кина. Со тие договори, двете држави се согласиле да ја нападнат другата држава, но всушност, договорот бил вклучен со човек кој се идентификува себеси како Парсифал. Парсифал бара голем откуп за да не ги ослободи документите и со тоа да започне јадрена војна. Кога откупот ќе биде платен, тој не ги допира парите, потврдувајќи колку е очаен Вашингтон. Хавелок, кој како дете бил еден од ретките преживеани од масакрот во Лидице, има посебен однос со Матијас, сограѓанин Чех кој му бил ментор во основно училиште. Некако, лудилото на Матијас е поврзано со наредбата да се убие Џена Карас.

На Карас ѝ било кажано дека Мајкл е руски шпион и дека тој се обидува да ја убие неа. Поради тоа, не сака да се сретне со него. Кога Мајкл ја наоѓа Џена во една изолирана фарма во Пенсилванија, тие сфаќаат дека и двајцата биле измамени и дека и на двајцата им било кажано дека другиот е непријател. Потоа работат заедно со Претседателот на САД, Чарлс Берквист, и неколку доверливи советници за да го најдат Парсифал и да го сопрат.

Им се спротивставува Артур Пирс, брилијантен и опасен руски шпион кој има висока позиција во Државниот секретаријат. Пирс ги наредува убиства на стратезите на „Конзуларни Операции“, а потоа и уште цела низа убиства, сѐ со намера да добие докази за лудилото на Матијас. Пирс не работи за КГБ, туку за ВКР (Военаја Контра Разведка), фанатична гранка на руската разузнавачка служба идентификувана како бранша на ОГПУ. Тој, исто така е и поминјачик – прикриен агент кој живее во САД од бебе. Во голем дел од романот, вистинската лојалност на Пирс е прикриена. Еден од сојузниците на Хавелок, заменик-министерот за надворечни работи Емори Бредфорд, сфаќа дека Пирс работи за ВКР, но Пирс го убива пред да ги предупреди другите. Пирс исто така учествува во убиството на Ростов, кој ги презира ВКР и се обидува да му помогне на Хавелок.

Кога Мајкл конечно го наоѓа ПАрсифал, стар пријател на Матијас и Паминјачик кои е помалку фанатичен од Артур Пирс, дознава дека документите не се создадени да започнат јадрена војна, туку да покажат дека еден никој не смее да има голема количина на моќ. Сепак, Пирс им наредува на своите оперативци да ги убијат телохранителите на Мајкл и влегува во куќата на Парсифал кога тој се согласува да ги запали документите. Сепак, кога слушнал дека Ростов е убиец, Парсифал решава да се жртвува и го користи своето тело да го блокира пиштолот на Пирс, а тоа им дава време на Мајкл и Џена да избегаат. Мајкл и Џена потоа ги убиваат оперативците на Пирс, а потоа Мајкл го заобиколува Пирс и го убива. Заклучуваат дека е најдобро да се уништат доказите за лудилото на Матијас. Хавелок му го кажува тоа на Беквист, а тој му кажува дека Матијас штотуку умрел. Конечно безбедни, тој и Џена се селат во Нова Англија, каде што Хавелок почнува да работи како професор.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Мајкл Хавелок (Михаил Хавличек),преморен и огорчен ветеран во „Конзуларни Операции“. Роден во Чехословачка, Хавличек бил сведок на масакрот на Нацистите во неговото село Лидице. Татко му ја преживеал војната, а потоа исчезнал во рацете на Совиетите во 1948 година. Донесен во САД, тој се докажал како одличен оперативец цо американската разузнавачка служба.
  • Џена Карас (Јана Карасова),верната партнерка и девојка на Хавелок и способна агентка Нејзината наводна смрт на Коста Брава го полудува Хавелок; откритието дека е сѐ уште жива го тера да се одметне.
  • Ентони Матијас (Антон Маријас), бријлијатен, сакан американски Министер за надворешни работи. Мателок е близок со Хавелок, кој порано му бил ученик. Товарот од возвишеноста, како и неговото его, го полудуваат Матијас.
  • Петар Ростов, Директор за надворешни стратегии на КГБ, но ги презира фанатичните ВКР. Прво се нуди да го истражува заминувањето на Хавелок од „Конзуларни Операции“, а потоа му нуди можност да избега.
  • Емори Бредфорд, контроверзен но брилијантен Заменик-министер за надворешни работи. Кога претседателот се соочил со барањата на Парсифал, му се обратил на Бредфорд како ценет советник.
  • Претседателот Чарлс Берквист. Берквист, кој потекнува од рурална Минесота е многу интелигентен човек, но сепак е затечен од делата на Матијас и прусуството на крв во Државниот секретаријат.
  • Артур Пирс (Николај Петрович Малеков), највисоко-рангираниот паминјатчик во Државниот секретаријат. Крајно фанатичен и крајно суров, Пирс, од надворешна страна, има неверојатно досие, вклучувајќи и служба во Виетнам. Тој е смртно настроен да ги земе доказите на Парсифал и да ги искористи за ја кутне Америка на колена.
  • Парсифал, мистериозна личност која некако соработувала со Антон Матијас за да го донесе светот на работ на катастрофа.

Главни теми[уреди | уреди извор]

  • „Сложувалката на Парсифал“ е единствениот роман на Ладлам целосно посветен на Студената војна и на можност за јадрена војна. Други романи како „Обрачот на Матарес“ и „Напредокот на Аквинтанија“ ја користат Студената војна како позадинска приказна, ама не се концентрираат на неа до тој степен.
  • Ентон Матијас е сличен со Хенри Кисинџер. И двајцата се имигранти во САД и двајцата имаа напредно академско минато. Иако Кисинџер не бил волку почитуван, тој сепак собрал голема количина на непроверена моќ. Како Парсифал, Ладлам многу се плашел од концентрацијата на моќ.
  • „Сложувалката на Парсифал“ го покажува презирот на Ладлам кон фанатизмот. Животот на Хавелок е уништен од дејствата на фанатаци, од Лидице до Коста Брава. Романот често не потсетува на раниот дел од неговиот живот: додека ја бара Џена, прво се сретнува со избеган нацистички воен злосторник, а потоа со човек кој дизајнирал концентрационен логор во Пенсилванија.

Гласини за филм[уреди | уреди извор]

Според „Вараети“, Рон Хауар е ангажиран од „Јуниверзал“ да ја режира филмската адаптација, со Леонардо Дикаприо во главната улога.