Словенка (филм)
| Словенка | |
|---|---|
| Режисер | Дамјан Козоле |
| Продуцент | Данијел Хочевар |
| Сценарист |
|
| Главни улоги |
|
| Музика | Сајленс |
| Кинематографија | Алеш Белак |
| Монтажа |
|
| Премиера | 18 август 2009 (Сараевски Филмски Фестивал) 30 септември 2009 (Словенија) 30 септември 2010 (Србија) 21 јуни 2012 (Германија) |
| Времетраење | 90 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
Словенка е драмски филм од 2009 год во режија на Дамјан Козоле. Во него глуми Нина Иванишин како Александра, 23 годишна Словенка која води двоен живот како угледна студентка и кол-девојка. Филмот бил премиерно прикажан на Сараевскиот филмски фестивал во 2009 год во Босна и Херцеговина пред да биде прикажан во кино во повеќе од триесет земји, вклучувајќи ги и Соединетите Држави.
Според Шаз Бенет од Мувинг Пикчрс „филмот на крајот е фасцинантна студија за слободниот пазар во слободен пад. Во ова хипнотизирачко дело од комората, режисерот Дамјан Козоле смислил нов стил на наратив за да пренесе поглед на капиталистичката култура истовремено срамотна и неосудувачка“.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Сместена во Љубљана, Словенија, во 2008 год, за време на словенечкото претседателство со Европската унија, Александра е 23-годишна студентка која студира англиски јазик, и доаѓа од мал град. Нејзините родители се разведени и таа речиси не ја гледа мајка си. Ниту нејзините пријатели, ниту нејзиното семејство не знаат дека Александра објавува лични реклами под прекарот Словенка, а дека проституцијата е нејзиниот таен извор на приход.
Александра е многу добра во манипулирање со другите (вклучувајќи ги и нејзиниот татко и поранешното момче)-таа е остварен лажго, а исто така и крадец.Таа и замерува на мајка си и ја смета за себична. Нејзината амбиција е да избега од баналноста на нејзиниот роден град и да се насели во големиот град со стил ,што ја наложува нејзината профитабилна тајна работа. Но,таа професија ја води до конфронтација со опасните локални криминалци, и одеднаш мора да живее во страв додека се бори да го одржи својот приход.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Нина Иванишин како Александра
- Петар Мусевски како Едо
Фестивали
[уреди | уреди извор]Филмот бил прикажан на повеќе од 70 меѓународни филмски фестивали, вклучително и Сараевскиот филмски фестивал, Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, Лондон Реинденс, Монтреал, Пусан, Варшава, Валенсија, Сао Паоло, Каиро, Солун, Лес Аркс, Палм Спрингс, Гетеборг, Меѓународниот филмски фестивал Ротердам, Чикаго, Њујорк, Единбург, Ерусалим итн.
Критички прием
[уреди | уреди извор]Алиса Симон од Варајети го нарекла насловниот лик како „Една од најкултурните антихероини што го красат сребрениот екран“. Дејли Филм Доус вели дека филмот „е решително мрачна, прогонувачка, убаво изработена и моќно одмерена приказна за една млада жена. Ова е филм што го крши срцето“. За Филм Мантли „Словенка е возбудлив филм за доживување бидејќи е филм кој се чини дека го цени карактерот пред заплетот, и суштината над стилот. Со елегантно напишано сценарио кое создава вистински тридимензионални ликови и редок естетски стил, влијателната студија на ликот на режисерот Дамјан Козоле создава карактеристично расположение кое тешко се разнишува“. Францускиот весник „Фигаро“ вели „лаже по лага, хероината станува попривлечна , благодарение на неверојатната изведба на Нина Иванишин.Таа е таа што го носи филмот и благодарение на неа филмот е „мора да се види“. Според Мувинг Пикчр Магазин, „Словенка е прогонувачка медитација за капитализмот и најстарата професија во светот “,додека Мајк Гудриџ во „Скрин Дејли“ вели „тоа е паметна метафора за сомнителните придобивки на капитализмот и брзото ширење на новите лични вредности на Европа“ .
Награди
[уреди | уреди извор]- Гран при е најдобар филм на Филмскиот фестивал во Жирона 2012,Шпанија
- Награда за најдобар режисер на Филмскиот фестивал во Жирона, Шпанија во 2012 год
- Награда за најдобро сценарио на Филмскиот фестивал во Жирона во 2012 год, Шпанија
- Награда за најдобра глумица на Филмскиот фестивал во Жирона во 2012 год, Шпанија
- Европската филмска академија, во изборот за најдобар европски филм 2010 год
- Награда од публиката за фестивал на европскиот филм 2010 во Есон, Франција
- Награда за најдобра глумица на Фестивалот на европската кинематографија во 2010 година во Есон, Франција
- Награда за најдобра глумица на Мостра де Валенсија 2009 год, Шпанија
- Награда за најдобра глумица на Европскиот филмски фестивал Арки 2009 год, Франција