Словенечко национално друмско првенство
Словенечкото национално друмско првенство се одржува од независноста во 1991 година до денес.
Блаж Јарц поставил апсолутно најдобро време на шампионатите во 2009 година и ги победил сите врвни возачи, а истото се случило и на Националниот хронометар (2006, 2007, 2009). После тоа, Словенечката велосипедска федерација (КЗС) одлучила да ги промени правилата и да ги направи појасни за јавноста.
Статистика
[уреди | уреди извор]
Повеќекратни шампиони
[уреди | уреди извор]Возачи кои успеале да победат на Елитната трка повеќе од еднаш.
Победи | Мажи | Години |
---|---|---|
2 | Горазд Штангељ | 1995, 2010 година |
Тадеј Ваљавец | 2003, 2007 година | |
Митја Махорич | 2005, 2009 година | |
Борут Божич | 2008, 2012 година | |
Лука Пиберник | 2013, 2015 година | |
Матеј Мохорич | 2018, 2021 година | |
Домен Новак | 2019, 2024 година | |
Победи | Жени | Години |
9 | Полона Батагељ | 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 година |
3 | Минка Логондер | 1992, 1993, 1995 година |
Еугениа Бујак | 2019, 2021, 2022 година | |
2 | Вида Уршич | 1994, 1996 година |
Урша Пинтар | 2020, 2023 година |
Елита
[уреди | уреди извор]На првото првенство што се одржало во Словенске Коњице (1991), Словенија веќе била повеќе од еден месец независна (широко призната на почетокот на следната година), но велосипедистите сè уште биле под Југословенската велосипедска федерација (БСЈ). [1] Претседателот на БСЈ и забранил на Словенија да организира национални првенства, но тие сепак го направиле тоа. Еден ден подоцна БСЈ го поништил според нивното мислење „нелегитимниот“ настан. Но, Словенечката велосипедска федерација го признала како официјално.[1][2][3][4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Ekipni kronometer: Rog in dvakrat Krka“. Delo (словенечки). 5 August 1991.
- ↑ „Zelo pomembna prireditev. Bodo prvaki ubranili naslove“. Delo (словенечки). 2 August 1991.
- ↑ „Štanglju zmaga v Kanadi (page 11)“. Dolenjski list (словенечки). 1 August 1991.
- ↑ „Slovensko kolesarstvo se mora obrniti sebi“. Delo (словенечки). 6 August 1991.