Прејди на содржината

Словенечка матица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Седиштето на Словенечката матица на Конгресниот Плоштад во Љубљана

Словенечка матица (словенечки: Slovenska matica) — научна и културна институција која организира научни семинари, конгреси, состаноци, и консултации за различни проблеми на словенечката култура и општество и нејзината иднина, и втора најстара словенечка издавачка куќа, која објавува оригинални дела и преводи од хуманистичките науки, науката и технологијата.[1]

Основана е на 17 февруари 1864 година со цел да се подигне словенечката културна свест и да се развијат науката и литературата. Во тоа време книгите биле на германски јазик, но Словенија и недостасувала професионална терминологија, па затоа целта била развој на словенечкиот јазик и ослободување од германски изрази. Нејзиното значење било градење на словенечката нација. Првата словенечка издавачка куќа „Мохорјева дружба“ издаваше главно популарни книги. Словенечката матица започнала да печати книги од областа на научната терминологија, кои биле наменети за образованите луѓе. Таа се залагала за што поголем печат на домашна литература. На почетокот, објавувала календари, етнографски книги (книги со описи на словенечките региони, историја на словенечката литература, словенечки народни песни ), разни мапи (словенечки провинции, вклучително и Атлант - прв светски атлас на словенечки јазик) , научни книги и учебници за средни училишта . Денес, Матица веќе нема општа издавачка улога (не ги печати сите книжевни жанрови), туку се фокусира на објавување и поддршка за научни дела со помал тираж, односно историја на уметноста, архитектура, наука, филозофија ... двапати годишно издава и списание за нејзините научни и уметнички активности[2].

До основањето на Словенечкиот универзитет во Љубjана и Словенечката академија на науките и уметностите, Словенечката матица беше централна словенечка културна и научна институција.[3].

Историја

[уреди | уреди извор]

Постоеле доста иницијативи за основање на Словенечката матица во периодот од 1845 до 1862 година. Првиот бил од Антон Мартин Сломжек, кој со помош на Иван Шубич го основале Друштвото Мохор. Читателите на Марибор први изготвија план за формирањето на Матица. По празничната новогодишна ноќ од 1863 година, Ловро Томан, кој последен пат повикал за формирање, како поврзаност со 8 март 1863 година, во пресрет на милениумот на доаѓањето на Св. Кирил и Методиј во Моравија, или како иницијатива за Словенска матица.

Во првите шест месеци од работењето, Словенечката матица имала само 157 соработници. Првите организации кои се приклучиле биле читалната во Марибор, Општина Раздрто, богословијата во Трст, Општина Идрија, Лесеверајн во Бистрица, читалната во Клагенфурт, читалната во Ајдовшчина, читалната во Цеље, читална во Љубљана, читална во Трст, Јужни Сокол и земјоделска гранка во Цеље. На сестринскиот сојуз се придружиле: Далматинска матица од Задар, Галичко-руска матица од Лавов, Словачка матица св. Мартина и Србска матица од Нови Сад. Во 1866 година веќе имало 717 членови.

Словенска матица го достигнала својот врв за време на претседателството на Фран Левец, кога нејзините книги почнале да се објавуваат во голем тираж и одржувале контакти со светските универзитети. За време на Првата светска војна, таа била во судир во судир со австриските власти поради објавувањето на книгата Г-дин Фрањо Фран Мас Masа - Подлибарски, која зборувал за однесувањето на австриската армија во окупирана Босна, што довло до конфискација на нејзиниот имот . Ова не ги одвратило членовите да работат, па по војната тие помогнаа во основањето на Словенечката академија на науките и уметностите. Во 1942 година, Културниот пленум на Ослободителниот фронт се состана нелегално во Матица, а по војната, новата влада го национализира имотот, кој бил вратен во 1994 година[4]..

  • Joka Žigon: Véliko pismo slovenske duhovne združitve: Ustanovitev Slovenske matice. Ljubljana: Slovenska matica, 1935.
  • Joža Mahnič (ur.): Včeraj, danes, jutri: Slovenska matica: 1965–2003. Ljubljana: Slovenska matica, 2004.
  • Jože Munda: Bibliografija Slovenske matice: 1864–1964: Kronološki pregled in stvarno kazalo. Ljubljana: Slovenska matica, 1964.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Предлошка:CastniZnakSvobodeSLO

Предлошка:Normativna kontrola