Словенец (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Насловна страница на првиот број на весникот од 14 октомври 1873 година

Словенец (словенечки: Slovenec) бил главен весник на политичкиот католицизам во Словенија. Почнал да се печати во 1873 година како одговор на младословенскиот весник Словенски народ (словенечки: Slovenski narod). Најпрво излегувал три пати неделно, а од 11 јули 1883 година бил трансофрмиран во дневник. Продолжил да излегува како Политички лист за словенскиот народ. Во периодот меѓу 1888-1896 година го издавал прилогот Domoljub, а во периодот меѓу 1924–1932 година, илустрираниот прилог Slovenec.

Весникот бил редактиран од важни преставници на словенечкиот политички католицизам и истакнати поединци од политички и културен живот, меѓу нив биле: Јакоб Алешовец, Игнациј Житник, Андреј Калан, Евген Лампе, Иван Штефе, Изидор Цанкар, Франц Смодеј, Миха Крек и Алојзиј Кухар [1].

Во периодот меѓу 1929-1941 година главен уредник бил Иван Ахчин. Со неговата уредувачка политика, колумни и коментари за меѓународните и домашните случувања, станал еден од водечките весници во Кралството Југославија.

Во 1945 година новите власти го забраниле весникот. Во периодот меѓу 1991-1996 година во Република Словенија излегувал весник со исто име [2] и слична политичка ориентација.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nina Mrzlikar, Vloga casnika slovenec v slovenskem politicnem in druzbenem razvoju, Ljubljana, 2002
  2. ČASNIK SLOVENEC V SLOVENSKIH KNJIŽNICAH: MOŽNOSTI KONSERVIRANJA – RESTAVRIRANJA IN REPRODUKCIJE 1 Jedert Vodopivec Anja Devetak Oddano: 22. 2. 2010 – Sprejeto: 14. 7. 2010 Kratki znanstveni prispevek

Надворешни врски[уреди | уреди извор]