Прејди на содржината

Слоботка Бурназовска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Слоботка Динкова Бурназовска (3 јануари 1919 во Куманово — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Партизанската споменица 1941, чиј носител е Слоботка Бурназовска.

Таа била монополска работничка. Станала член на СКОЈ од 1940 година, а од 1941 година на КПЈ. Во нејзиниот дом била изградена скривница за оружје. Во октомври 1941 година била затворена, но поради немање докази, била ослободена. Чувала илегалци и раководела со актив од 8 жени. Во декември 1943 година била избрана за член на Месниот Комитет на КПМ, а нејзиниот дом бил врска на куририте од Карпошовиот партизански одред. Во јануари 1944 година била повторно затворена, а потоа интернирана во Крумовград, Бугарија. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1010.