Слободна импровизација
Изглед
Слободна импровизација | |
---|---|
Стилско потекло: | Експериментална музика, фри-џез, авангарден џез, класична музика од XX век, серијализам |
Културно потекло: | Средина на 1960-тите години во САД, Обединето Кралство и Европа |
Својствени инструменти: | |
Популарен: | |
Произлезени форми: | Електро-акустична импровизација, индустриска музика |
Слободната импровизација е музичка импровизација без никакви правила освен желбите и склоноста на музичарите кои ја изведуваат. Овој назив може да се однесува и на одредена техника на изведба и како име на конкретен музички жанр.
Слободната импровизација како музички жанр се развила и произлегла од фри-џезот и современата класична музика во САД и Европа во средината на 1960-тите години. Нејзини претставници се саксофонистите Еван Паркер, Ентони Брекстон, Петер Брецман и Џон Зорн, гитаристите Дерек Бејли, Хенри Кајзер и Фред Фрит и импровизирачките групи Spontaneous Music Ensemble, The Music Improvisation Company, Art Ensemble of Chicago и AMM.