Слобода на здружување
Слобода на здружување — опфаќа право на поединецот доброволно да се приклучува или да напушта групи, право на групата да презема колективни дејствија за остварување на интересите на своите членови и правото на здружението да прифати или одбие членство врз основа на одредени критериуми. Може да се опише и како право на колективно изразување, промовирање, остварување и/или бранење на заедничките интереси.[1]
Слободата на здружување претставуваиндивидуално и колективно право, загарантирано од сите современи демократски правни системи, вклучувајќи ја Повелбата за правата на САД, член 11 од Европската конвенција за човекови права, член 2 од Канадската повелба за права и слободи, како и на меѓународното право, вклучувајќи ги членовите 20 и 23 од Универзалната декларација за човекови права и член 22 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. Декларацијата за основните принципи и права на работа од Меѓународната организација на трудот, исто така, ги гарантира овие права.
Слободата на здружување се манифестира преку правото на членство во синдикат, слобода на говор или учество во дебатни друштва, политички партии или кој било друг клуб или здружение, вклучувајќи религиозни деноминации и организации, братства и спортски клубови, а значи и право да не се биде принуден да припаѓа на здружение.[2] Таа е тесно поврзана со слободата на собирање, особено според Повелбата за правата на САД. Слободата на собирање обично се поврзува со политички контексти. Сепак, (на пр. во Уставот на САД, меѓународните нструменти за човекови права итн.) правото на слобода на здружување може да го вклучува и правото на слобода на собирање.
Судовите и делегираните службеници на локалните јурисдикции можат да наметнат одредени ограничувања на кое било од правата на осуден криминалец. Правата на слобода на здружување и слобода на собирање се откажуваат под одредени околности, како што се признание на вина или осуда, наредби за забрана и постапки за претрес и заплена од страна на условно осудениот. Слободата на здружување исто така може да биде законски ограничена во одредени околности, како што е со Законот за граѓански права на САД, во кој приватната дискриминација кон одредени заштитени класи била прогласена за нелегална.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Општата слобода за здружување во групи според изборот на поединецот, како и право групите да преземаат дејствија за промовирање на своите интереси, е неопходна карактеристика на секое демократско општество. Бидејќи слободата на здружување нужно признава плуралистички извори на моќ и организација покрај владата, таа е примарна цел на репресија во сите диктаторски општества.
Во Обединетото Кралство, сите форми на „комбинирање“ биле забранети и кривични, особено работничките организации, сè до Законот за комбинирање од 1825 година. После ова, компаниите, а потоа и синдикатите, сè уште не биле генерално законски, се до донесувањето на Законот за трговски друштва од 1856 година, Законот за синдикати од 1871 година и Законот за криминално заговор и заштита на имотот од 1875 година.
Во Германија, сличен сет репресивни закони биле воведени против синдикатите и социјалдемократските организации од страна на владата на Бизмарк под Sozialistengesetze („Социјалистичките закони“) во 1878 година. Тие останале на сила до 1890 година. Во 1933 година, синдикатите повторно биле забранети од фашистичката диктатура на Нацистичката партија на Хитлер, а постојните синдикати биле национализирани и комбинирани во единствен Германски работнички фронт контролиран од владата. Во Западна Германија по Втората светска војна, слободните синдикати брзо биле воскреснати и гарантирани со Основниот закон на Сојузна Република Германија.
Во САД, синдикатите во одредени периоди биле класифицирани ако ограничувачки за трговијата. Според Законот Клејтон од 1914 година, на синдикатите им била дадена општа слобода да се организираат и да дејствуваат колективно за да обезбедат колективни договори, но биле поставени дополнителни пречки сè додека Националниот закон за работни односи од 1935 година не креирал сеопфатен трудов кодекс.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ McBride, Jeremy (2005). Freedom of Association, The Essentials of Human Rights, London: Hodder Arnold, p. 18 [ISBN missing]
- ↑ Universal Declaration of Human Rights, Article 20, 2
- ↑ Pilon, Roger (February 16, 2017). „Freedom of Association Takes Another Hit“. www.cato.org. Посетено на 2024-06-28.