Слободан Богоески

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Слободан Богоевски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слободан Богоески
Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
На должноста
1991 – 1995
Претседател Киро Глигоров
Претходник нема[1]
Наследник Добри Величковски
Лични податоци
Роден(а) 4 март 1953
Скопје
Националност Македонец

Слободан Богоески (Скопје, 4 март 1953) — прв директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија во периодот од 1991 до 1995 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Слободан Богоески е роден на 4 март 1953 година во Скопје. Својата професионална кариера ја започнал во службите за државна безбедност, каде ги извршувал највисоките позиции. Богоески е еден од т.н. „Осуммина од МВР“, кои во октомври 1989 година како партиски секретари на СКМ во тогашното министерство за внатрешни работи на СФРЈ откажале послушност на централата, по што биле суспендирани од функциите. Но случајот добил подршка од страна на членот на Претседателството на СФРЈ – Васил Тупурковски.

Во март 1991 година Слободан Богоески бил именуван за шеф на СДБ и на таа функција останал до 1995 година.

Во 2013 година бил уапсен поради малверзации со земјишна парцела кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, перење пари, употреба на исправа со лажна содржина, фалсификување на исправи и документи. По осум месеци бил осуден на две години затвор за перење на пари. Истата година, во 2013 година, комисијата за лустрација на Република Македонија го објавил Богоески дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ[2].

На Парламентарните избори во 2016 година бил носител на листата во четвртата изборна единица предводена од Коалицијата за промени и правда, но не успеал да влезе во парламентарниот состав.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Официјално е формирана Служба за државна безбедност
  2. [1], [2]
Политички функции
Претходник
нема
Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
1991–1995
Наследник
Добри Величковски