Слоба Радановиќ
Слоба Радановиќ | |
---|---|
Родено име | Слободан Радановиќ |
Роден(а) | 20 јули 1990 година |
Потекло | Зрењанин СР Србија СФРЈ |
Жанр(ови) | поп-фолк |
Занимање/ња | пејач текстописец |
Инструменти | вокал |
Продукциска куќа/ќи | IDJ Videos Пинк музика |
Слободан Слоба Радановиќ ( 20 јуни 1990 г.) е српски поп-фолк пејач и текстописец кој ѝ се претставил на јавноста во Србија со учеството во музичкиот натпревар Пинкови ѕвезди и е најпознат по неговото контроверзно учество во првата сезона на реалното шоу Задруга
Биографија
[уреди | уреди извор]Роден е на 20 јуни 1990 година.во Зрењанин. Уште од мали нозе покажал талент за музика. Во родниот град го завршил електротехничкото и градежното училиште „Никола Тесла“, насока градежен техничар за високоградба. Се запишал на студии по архитектура во Нови Сад, но брзо сфатил дека сака да се занимава со музика.
Во септември 2014 година, тој започнал да учествува во првата сезона на музичкиот натпревар Пинкови ѕвезди. Најмногу пеел песни од Здравко Чолиќ, Шабан Шаулиќ и Џеј Рамадановски. Тој стигнал до самиот крај на натпреварувањето, но победата му припаднала на Иван Куртиќ, додека Слободан го освоил третото место. Во 2015 година ја објавил својата прва песна „Буре барута“, која има над четири милиони прегледи на YouTube. Неколку месеци подоцна го објави синглот „У пороцима“. Во 2017 година ја промовирал песната „Стјуардеса“ за која сними и спот.
На 06.09.2017 година, Слободан Радановиќ станал учесник во првата сезона на реалното шоу Задруга .[1][2] Тој кажува дека влегува за да ја промовира својата музика. Слоба го завршува реалното шоу на четвртото место.
На денот на финалето на Задруга, воедно и неговиот роденден, 20.06.2018 год го претставил новиот сингл „Непристојна понуда“.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Синглови
[уреди | уреди извор]- Буре барута (2015)
- У пороцима (2015)
- Стјуардеса (2017)
- Фамилија (2018)
- Непристојна понуда (2018)
- Коцка (2018)
- Наивна (2019) [3]
- Ја се не бринем (2019)
- Тајне (2019)
- Бивши (2019)
- Немој много да ме волиш (2019)
- Рекла ми је, рекла (2020)
- Ако умрем сад (2020)
Спотови
[уреди | уреди извор]Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Буре барута | 2015 | - |
У пороцима | 2015 | - |
Стјуардеса | 2017 | Љуба, Кија Коцкар |
Фамилија | 2018 | - |
Непристојна понуда | 2018 | - |
Коцка | 2018 | Љуба Радојевиќ |
Наивна | 2019 | Љуба Радојевиќ |
Ја се не бринем | 2019 | Иван Дениќ |
Тајне | 2019 | Марко Арсиќ |
Немој много да ме волиш | 2019 | Марко Арсиќ |
Рекла ми је рекла | 2020 | Марко Арсиќ |
Стари | 2020 | Марко Арсиќ |
Момак из провинције | 2021 | Марко Арсиќ |
Љубав на балкану | 2021 | Марко Арсиќ |
Америка | 2021 | Марко Арсиќ |
Другарице | 2021 | Марко Арсиќ |
Ангел | 2021 | Марко Арсиќ |
Неко пита | 2021 | Марко Арсиќ |
Дали си среќна са њим | 2021 | Марко Арсиќ |
На данашњи дан | 2021 | Марко Арсиќ |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ово су биографије учесника „Задруге"“. Вечерње новости. 7 септември 2017. Посетено на 23 јуни 2018.
- ↑ „Слободан Слоба Радановић“. Биографија. Посетено на 23 јуни 2018.
- ↑ „Слоба Радановић је овим сценама изазвао опште одушевљење публике“. Блиц. 25 март 2019. Посетено на 28 март 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Слободан Радановиќ на сајтот Discogs (јазик: англиски)