Прејди на содржината

Сливенски мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сливенски мост
Γεφύρι Κορομηλιάς
Координати40°32′21.6″N 21°10′59.1″E / 40.539333°N 21.183083°E / 40.539333; 21.183083
ПреминуваЖелевска Река
МестоСливени, Костурско, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина26 м
Ширина2,8 м
Висина7 м
Најдолг распон16 м
Распони1
Историја
Завршен1865
Местоположба
Карта

Сливенски мост (грчки: Γεφύρι Κορομηλιάς) — стар камен мост северно од селото Сливени, Костурско, Егејска Македонија.

Мостот е добар пример за техничката конструкција на мостовите од XIX век и важен модел за архитектонските решенија во мостоградбата во отоманско време.[1] Според гравираниот натпис од југозападната страна на мостот, на исток од клучниот камен, изграден е во 1865 година. Подигнат е од француски градители во служба на отоманската држава. За изградбата е искористен материјал од постар мост што се наоѓал на истото место.[2][3]

Ова е еднолачен мост со должина од 26 м, ширина од 2,8 м и висина од 7 м. Лакот е широк 16 м. Клиновидните камења кои го образуваат лакот се црни плочи од шкрилец, и само клучниот и гравираниот камен се одвојуваат со својата белина бидејќи се од варовник.[3]

Во 2006 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[1]

  1. 1 2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΔΝΣΑΚ/21977/629/30-3-2006 - ΦΕΚ 476/Β/17-4-2006“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-22. Посетено на 12 јануари 2015.
  2. „Γεφύρι Της Κορομηλιάς“. Τα Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 21 август 2018.
  3. 1 2 „Βόλτα στα Πέτρινα Γεφύρια του Νομού Καστοριάς“. About Kastoria. 25 февруари 2016. Посетено на 22 декември 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]