Слепче (Демирхисарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Слепче, Демирхисарско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слепче
Slepce.JPG

Панорама на Слепче

Слепче is located in Македонија
Слепче
Местоположба на Слепче во Македонија
Координати 41°13′59″N 21°10′29″E / 41.23306° N; 21.17472° E / 41.23306; 21.17472Координати: 41°13′59″N 21°10′29″E / 41.23306° N; 21.17472° E / 41.23306; 21.17472
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
Население 719 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. (0)47
Слава Мала Богородица
Слепче на општинската карта
Слепче во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Слепче во рамките на општината
Commons-logo.svg Слепче на Ризницата
Црквата „Св. Никола“ во Слепче
Манастирската црква „Св. Богородица - Источен петок“
Икона на Богородица Патеводителка, XVI век,
Дом на Културата во Слепче

Слепче — село во Општина Демир Хисар, во околината на градот Демир Хисар.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Слепче се наоѓа во областа Железник, на 2 километри западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево - Демир Хисар, на 680 м. над. вис.[1] Сместено е во источните падини на Илиница. Земјиштето на Слепче е 24,5 км2, од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха.[2].

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во март, 2013 г. во објектот на Домот на културата рускиот производител за балетска опрема „Гришко“ отвори работен погон со капацитет од 60 вработени. „Гришко“ произведува чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности, a производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според турските пописни дефтери од 1467/68 г. во Слепче живееле 66 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, а сто години подоцна, во 1568 г. имало 103 христијански и едно муслиманско семејство.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Слепче живееле 570 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слепче имало 800 Македонци, егзархисти.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Слепче живеат 793 жители, сите Македонци.[6]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 570[4] 800[5] 1.143 1.108 1.099 1.078 1.031 914 791 719

Родови[уреди | уреди извор]

Слепче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Пирковци (8 к.); Зенговци со Бошевци (6 к.); Дамчевци со Јошковци (2 к.); Коруновци (8 к.); Балуловци (11 к.); Муловци (7 к.); Ѕинговци (3 к.); Ѓоршовци (5 к.); Прпушковци (5 к.); Шиклевци со Дамчевци (5 к.); Лешниковци со Алексовци (2 к.); Неделковци (4 к.); Дувчевци (6 к.); Пупунчевци со Танчевци (2 к.); Ашковци (4 к.); Печенпетеловци со Марковци и Клепачовци (6 к.); Чадевци (3 к.); Матлијовци (3 к.); Калевци со Калешѓоргијовци (4 к.); Риловци (1 к.); Прпорчевци (1 к.); Лутовци (4 к.); Бутковци со Чорбевци (9 к.); Гугучевци со Мазевци (7 к.); Наловци (11 к.); Шишковци (2 к.); Мирчевци (3 к.); Карабатковци (3 к.); Каревци (15 к.); Лукарчевци со Симоновци и Цапановци (6 к.); Стретковци со Страшовци (5 к.)
  • Доселеници: Зајаковци (4 к.) доселени се од селото Мренога. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 60 г. во 1952 година) Тале-Кочо, кој се доселил; Цвичковци (1 к.) доселени се однекаде; Поповци (4 к.) со Кусановци (2 к.) доселени се од околината на Гнилане во Косово. Го знаат следното родословие: Коле (жив на 60 г. во 1952 година) Даме-Стојче-Нико-Трене-Стефан-Јован, кој се доселил; Мијајлевци со Сиџимовци, Теновци и Палабурун (8 к.) доселени се од селото Загориче; Прпорчевци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Сладуево; Димчевци (3 к.) доселени се од селото Радово, каде имаат роднини. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 60 г. во 1952 година) Никола-Димче, кој се доселил; Кочовци (1 к.) доселени се од селото Железнец; Цветковци (1 к.) доселени се од селото Граиште; Геговци (3 к.) доселени се од селото Лесково.[8] year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Селото има дом на културата и споменик на загинатите за слободата на Македонија. Над селото се наоѓа еден од најголемите средновековни книжевно-уметнички центри - Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.

Средселото е реновирано и уредено, претворено во плоштад, наречен „Цар Самуил“.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 635 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 570 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12]
Археолошки наоѓалишта[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • 7 јули - Иванден - слава на манастирот
  • 21 септември - Мала Богородица — селска слава
  • октомври - Цвеќе на мирот во Слепче
  • 27 октомври - Петковден - куќна слава
  • 8 ноември - Митровден - куќна слава
  • 4 декември - Пречиста - куќна слава
  • 19 декември - Свети Никола - куќна слава

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Географски топонимски речник на Република Македонија - Илија Петрушевски, Николина Петрушевска, Скопје 2001
  2. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  3. http://kapital.mk/mk/makedonija/93414/vo_slepche_otvorena_fabrikata_%E2%80%9Egrishko_makedonija%E2%80%9C.aspx
  4. 4,0 4,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
  5. 5,0 5,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  9. "Основно образование". македонски: Општина Демир Хисар. Посетено на 26 јули 2016.
  10. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  11. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. 14,0 14,1 14,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  15. 15,0 15,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  17. 17,0 17,1 17,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]