Слепа Улица (филм од 1966)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Слепа улица“ (француски: Cul-de-sac) — британски филм од 1956 година, во режија на Роман Полански кој е автор и на сценариото, заедно со неговиот долгогодишен соработник Жерар Брах (Gerard Brach). Главните улоги ги толкуваат: Доналд Плезенс (Donald Pleasence), Франсоаз Дорлеак (Françoise Dorleac), Жаклин Бизе (Jacqueline Bisset), Лајонел Стендер (Lionel Stander), Вилијам Френклин (William Franklyn) и Џек Мек Гоњран (Jack MacGowran). Ова е еден од најуспешните филмови на Полански во кој доаѓаат до израз сите негови одлики: спојот на реалистичното сецирање на ликовите и настаните со елементите на сарказмот и црниот хумор.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во еден осамен замок живеат невротичниот поранешен стопанственик Џорџ (го игра Плезенс) и неговата млада сопруга Тереза (ја игра Дорлеак). Наеднаш, во дворецот пристигнуваат двајца ранети гангстери, Дики (го игра Стендер) и Алби (го игра Мек Гоуран). Нивниот план е да се скријат во замокот додека не им помогне нивниот шеф Кателбах. Набргу, како последица на раните, Алби умира, а додека Дики го копа гробот, Тереза му се придружува и го чести со пијалак. Дику разговара со шефот и ја очекува помошта, но неговите другари никако да пристигнат. Во меѓувреме, тој се однесува пријателски со брачниот пар, иако мора да ги преземе сите неопходни мерки за тие да не го пријават во полицијата. Кога во дворецот пристигаат пријателите на Џорџ, Дики е принуден да глуми дека е градинарот на Џорџ. По заминувањето на гостите, додека Дики спие, Тереза му става запалена хартија меѓу ножните прсти и тој је тепа. Тогаш, Тереза му кажува на Џорџ дека Дики сакал да ја обљуби. Дики сфаќа дека неговиот шеф нема да му помогне и решава да го напушти замокот, а додека тој разговара на телефон, Тереза му го краде револверот. Тогаш, Џорџ пука во Дики и смртно го ранува. Сепак, Дики собира сила и од неговиот автомобил ја зема автоматската пушка, но во последниот миг се премислува и не сака да пука во брачниот пар. Така, Дики умира, а Џорџ е шокиран од сознанието дека го убил. Тереза го моли да си заминат и да го пријават случајот во полиција, но Џорџ не сака да го напушти замокот. Тогаш во замокот пристигнува Сесил (го игра Френклин), еден од гостите, кој се вратил за да си ја земе пушката. Џорџ ја брка Тереза (која заминува со Сесил), а потоа седнува на една карпа во морето и почнува да плаче, споменувајќи го името на својата прва жена.

Наводи[уреди | уреди извор]