Прејди на содржината

Слеме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слеме на двоводен покрив и слемен украс

Слеме — највисоката точка на кровната конструкција или највисока хоризонтална линија на пресекот на косите рамнини што го образуваат покривот. Височината на слемето се одредува и мери од котата на завршниот венец на градбата. Максималната височина на слемето над завршниот венец на градбата се одредува со урбанистички план во зависност архитектонскиот израз. Во Македонија максималната височина изнесува 4,5 м, но може да се измени со урбанистички план. Во рамките на дозволената висина на слемето и силуетата на покривот се уредува потпокривен корисен простор кој се третира рамноправно како и другиот корисен изграден простор по спратовите на градбата.[1]

Кај класичните дрвени покриви, роговите обично се свртени еден кон друг на слемето, а може да бидат прифатени и од слемена греда.

  1. „ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ“ (PDF). Службен весник на РМ, бр. 142 од 21.08.2015 година. 21.08.2015. Посетено на 6 април 2025. line feed character во |title= во положба 51 (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)