Слатино (Тетовско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Слатино(Тетовско))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Слатино е село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.


Слатино
Слатино is located in Македонија
Слатино
Местоположба на Слатино во Македонија
Координати 42°4′4″N 21°2′15″E / 42.06778° СГШ; 21.03750° ИГД / 42.06778; 21.03750Координати: 42°4′4″N 21°2′15″E / 42.06778° СГШ; 21.03750° ИГД / 42.06778; 21.03750
Општина Општина Теарце
Население 4112 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1204
Надм. вис. 475 м
Слатино на општинската карта
Слатино во Општина Теарце.svg

Атарот на Слатино во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Ислатина со 64 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[1]

Според турски документи од 1628 година село Ислатине се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 39 фамилии (ханета).

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Слатино живееле 345 жители, од кои 275 Албанци и 70 Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липец имало 48 Македонци, егзархисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.112 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 11
Албанци 4.018
Турци 0
Роми 7
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 75

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.628
1953 112 1.605 1 1 ... 5 1.724
1961 88 1.870 46 ... ... ... 4 2.008
1971 85 2.591 22 ... ... 9 2.707
1981 61 3.326 2 11 ... 22 3.422
1994 39 3.834 18 1 ... 1 3.893
2002 11 4.018 7 1 75 4.112

Родови:[уреди | уреди извор]

  • Родот Тркаљач (49 куќи) доселени во почетокот на XIX век од селото Топојане, кое се наоѓа во областа Љума, северна Албанија. [6]

Родови[уреди | уреди извор]

Слатино е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонци: Урошовци (18 к.) најстари селски доселеници. Доселени се од некое село во Овче Поле. Имаат иселеници во Лешок, Тетово (четири семејства), Туденце, Теарце, Белград (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство); Ѓоровци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Варвара. Таму припаѓале на родот Коачовци, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија.
  • Албанци: Нузолар (18 к.), Акуље (11 к.), Адиловци (5 к.), Канче (16 к.), Топал (7 к.), Шкунделер (10 к.), Одолар (6 к.), Масалари (17 к.), Ибишовци (26 к.), Идризолар (17 к.), Амоќе (6 к.), Мале Зи (3 к.), Ајрадиновци (3 к.) нивното потекло е од северна Албанија, од Топојани во Љума, Малесија, итн. Некои од овие родови припаѓаат на фисот Красниќи; Рамадановци (6 к.), Имеровци (10 к.), Меметовци (47 к.), Кољовци (14 к.), Салепчи (3 к.) и Кољовци (14 к.) нивните куќи се наоѓаат во торбешкото маало. Нивното потекло е торбешко. Порано зборувале на македонски. Како место на потекло го наведуваат некое место Ќафа во Албанија, да не Ќафа кај граничниот премин во струшко?.[7]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Покрај наведените иселеници при описот на родовите, се знае и за следните иселеници од селото. Шоповци (4 к.) се иселиле во селата Лешок и Ратае. Нивното потекло било од Сириниќ во Косово. Богојевци (2 к.) се иселиле во Лешок и Теарце. Салија (1 к.) Албанец, се иселил во селото Непроштено.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.344
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 210.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 122-123.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., 12 стр.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  8. Лешок треба да биде седиште на Полошко-кумановската епархија“, Дневник (посет. 29 април 2010 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]