Слатина (Порече)

Координати: 41°35′9″N 21°10′55″E / 41.58583° СГШ; 21.18194° ИГД / 41.58583; 21.18194
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Слатина, Порече)
Слатина

Поглед на дел од селото Слатина

Слатина во рамките на Македонија
Слатина
Местоположба на Слатина во Македонија
Слатина на карта

Карта

Координати 41°35′9″N 21°10′55″E / 41.58583° СГШ; 21.18194° ИГД / 41.58583; 21.18194
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 13 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03042
Надм. вис. 580 м
Слатина на општинската карта

Атарот на Слатина во рамките на општината
Слатина на Ризницата

Слатина — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влезот на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, сместено од левата страна на реката Треска.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 580 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 19,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.649 хектари, на пасиштата отпаѓаат 147 хектари, а на обработливото земјиште 100 хектари.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат Македонски Брод-Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 55 семејства и 3 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Слатина било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема точна стопанска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948286—    
1953271−5.2%
1961265−2.2%
1971182−31.3%
1981130−28.6%
ГодинаНас.±%
199160−53.8%
199451−15.0%
200230−41.2%
202113−56.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слатина имало 400 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатина имало 520 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатино се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 265 жители, а во 1994 година 51 жител.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Слатина имало 30 жители, од кои 29 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 400 520 286 271 265 182 130 60 51 30 13
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Слатина е чисто македонско православно село. Во селото има има 7 родови, сите доселенички, кои се делат на родови со познато место на старина и родови со непознато место на старина.

Родови во Слатина се:

  • Доселеници: Богевци (13 к.), Марковци (24 к.), Филиповци (12 к.) и Вељановци (16 к.), по преданието предците на овие родови биле браќа, но не се знае од каде се доселени; Мојсовци (8 к.), доселени се од Закамен во Охридско (така жителите на овој род велат); Драгодоловци (3 к.), доселени се од селото Драгов Дол; Аранѓеловци (1 к.), потекнуваат од селото Арангел во Кичевско, од таму се иселиле поради албански зулуми, најпрво во селото Горно Крушје, а од таму во Слатина.[14]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Слатинска Река
Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Слатина се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0236 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Пештери[20]
Реки[22]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Слатина[уреди | уреди извор]

Починати во Слатина

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 274. Посетено на 8 ноември 2017.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.242
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 ноември 2017.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Jovanovič P.S. (1928): Karsne pojave u Poreču. Glasnik Skopskog naučnog društva, knj. IV, Skoplje, 1-46
  21. „Најголема пештера во Македонија - Слатинска пештера“. „Дали знаевте дека“. Посетено на 2010-12-19.[мртва врска]
  22. Димитровска, Олгица (2012). Географски разгледи. Скопје: Институт за географија. стр. 41–42.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]